25.9 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаСветРуските ТВ-канали се гасат и во Македонијa

Руските ТВ-канали се гасат и во Македонијa

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во известувањето до кабелските оператори, Агенцијата се повикува на препораката од Владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“

<

Препораката потенцијално се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), по препорака на Владата усвоена вчера, им укажува на кабелските оператори да ги исклучат руските канали што се реемитуваат во Северна Македонија. Ова за „360 степени“ го потврдија и од Владата и од АВМУ.

Препораката доаѓа по одлуката на земјите членки на Европската Унија да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ.

Во известувањето до кабелските оператори, Агенцијата се повикува на препораката од Владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“.

Операторите имаат рок од три дена да ја известат Агенцијата за преземените активности.

Препораката потенцијално се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик.
News24

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ЛЕВИЦА алармираат: Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош

Левица алармира за сериозен случај на злоупотреба на државни средства и етничка манипулација во општина Пробиштип, поврзана со програмите за вработување и социјална инклузија....

Мачорот Тито од охридските улици замина да живее во Мичиген

Гладен, жеден, под ведро небо, на горештини, ветрови, студови и дождови. Ваков е животот на големиот број улични животни во земјава. Но...

Општина Пловдив ќе му додели 10.000 евра на Љубчо Георгиевски

Градот Пловдив ќе донира 10.000 евра на бугарскиот културен клуб „Една роза" во Битола, Република Северна Македонија. Одлуката беше донесена денес од страна на...

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...