7.1 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветУкраина тврди дека се убиени 7.000 руски војници, но Русија вели не...

Украина тврди дека се убиени 7.000 руски војници, но Русија вели не се ни 500 убиени.

Повеќе од 7.000 руски војници се убиени од почетокот на руската инвазија на земјата, изјави советникот на Зеленски, Алексеј Арестович.

Тој додаде дека се уапсени стотици руски војници, меѓу кои и високи чиновници, додавајќи дека и командант на руската армија бил пренесен во Белорусија откако бил тешко ранет.

Од друга страна пак, руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека за време на специјалната воена операција во Украина загинале 498 руски војници, а 1.597 се ранети.

– Веста за безброј жртви во редовите на руската армија е дезинформација, изјави за новинарите претставникот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков.

Кога станува збор за загубите од украинска страна, Конашенков рече дека има над 2.870 загинати и околу 3.700 ранети, пренесува „Спутник“.

Инаку, на дневен ред на новите руско-украински преговори кои треба да се одржат рано наутро ќе биде, соопшти Русија, која во исто време продолжува да ги бомбардира украинските градови.

Украинските пратеници, според последните информации, веќе се на пат кон преговарачката локација во Белорусија, за втор круг разговори, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.

Преговорите ќе започнат во утринските часови на место заеднички определено од страните, а се наоѓа недалеку од границата со Полска, изјави рускиот преговарач Владимир Медински.

– Украинската делегација веќе го напушти Киев. Очекуваме да бидеме овде утре наутро, рече претставникот.

Првите разговори одржани во понеделникот, исто така во Белорусија, не дадоа опипливи резултати. Киев бараше итен прекин на инвазијата, а Москва се чинеше дека очекува предавање.

Во исто време, Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која се повикува Русија веднаш да престане да користи сила против Украина.

Само пет земји беа против, а 35 беа воздржани, вклучително и Кина, од 193 членки на организацијата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...