15.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаБлиските роднини на се уште исчезнатиот Петар, лути на институциите -

Блиските роднини на се уште исчезнатиот Петар, лути на институциите –

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И блиските роднини на се уште исчезнатиот Петар, лути на институциите –

<

„Каде беше Центарот за социјални работи сиве овие години за да види во какви услови живеат вујко ми и вујна ми со нивните шест деца, од кои три се со попреченост во развојот? На сета сиромаштија, вујко ми се обидуваше да си го прехрани семејството и како-така да се грижи за своите деца. Не е чесно и гревота е сега некој да се сомнева во нив дека тие нешто му направиле на роденото дете“, – реагира братучеда на 10-годишниот Петар.
„Човекот 10 години го чува детето такво какво што е. Тој нема едно дете, тој има шест деца. Зошто од надлежните не отидат да видат во какви услови живеат луѓето?! Тие завчера биле и децата ги испрашувале каде учеле, па какво им било образованието, да не се малтретирани, да не се тепани. Вујко ми е мирен, на мравка не гази, а не па да дигне рака“, – ни рече братучедата на малиот Петар.
Тие имаат забелешка и на однесувањето на Полицијата. Тврдат дека бил извршен прекумерен притисок врз родителите и најстариот брат на Петар, 19-годишниот Димитар, кој патем, исто така има извесни пречки во развојот, за да признаат дали и што му направиле на детето. Велат, свесни биле дека службена процедура за испитување мора да има, но не на таков начин.
„Се сомневаат и на брат ми, а тој 10 години, јас сум сведок, дека го чува како другите, така и Петар. Тие мислат дека еве, ова е психички пореметено. И оти е тој мирен и смирен, ама нему таков му е карактерот, јас го знам. Јас со него сум пораснала. А и тој се’ мисли дека се уште ќе се најде Петар и се’ си има надеж, таков е смирен, а не дека нешто крие или направил. Ако направил такво нешто немало ни да пријави, ни да бара помош…Кој е тој родител што ќе му ја одземе душата, не знам дали ќе се осмели некој…Ништо не е најдено, а тие притисок му прават“, – вели тетката на малиот Петар.
„Затоа ние од фамилијата сакаме да слушне цела јавност. Каква е таа присила, на кој начин ги испрашуваат луѓето кои бараат помош од нив ?!- прашува братучедата.
Од МВР пак, категорично ги отфрлаат сите овие обвинувања. Оттаму велат дека од самиот старт на потрагата се пристапува со посебна внимателност и строго професионално, односно дека врз ниту еден член од семејството не била применета било каква сила, притсок или закана.
Инаку, потрагата по малиот Петар продолжи и денеска. Сега, намерата е да се пребараат старите рударски окна во кои повеќе од 40 години никој не стапнал. Според Спасителната служба „Златоврв“ ова е особено ризичен потфат заради нивната длабочина од над 50 метри и високата концентрација на моноксид и диоксид. Високите наноси од снег до таму, ќе се совладуваат со АТВ санки.
Каролина Дурло

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...