1.9 C
Ohrid
недела, јануари 26, 2025
ПочетнаСветПутин: Русите и Украинците се еден ист народ, ние се бориме против...

Путин: Русите и Украинците се еден ист народ, ние се бориме против неонацистите

spot_img

Додека се водат преговорите меѓу руската и украинската страна, претседателот на Русија, Владимир Путин, се обрати пред рускиот Совет за национална безбедност.

<

Тој рече дека Украинците и Русите се еден народ.

„Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се еден народ, но ние се бориме против неонацистите кои имаат затвореници дури и од Блискиот Исток. Тие користат цивили и странци како жив штит. Заробија студенти на железничката станица во Суми, кинески студенти кои сакаа да го напуштат градот“, рече Путин.

Најави поддршка за семејствата на загинатите и ранетите за време на „специјалната операција во Украина“.

Рускиот претседател додаде дека сè се одвива според планот и ги пофали руските војници нарекувајќи ги вистински херои.

„Сите поставени цели се решаваат или успешно се постигнуваат“, рече Путин.

Првиот човек на Русија додаде руските сили обезбедиле хуманитарни коридори низ кои цивилите можат да избегаат, но дека украинските националисти ги блокираат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија го заврши Светското првенство на 15. место

Македонската ракометна репрезентација го освои 15. Место на СП 2025 што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, откако нашите ракометари со вечерашниот пораз...

Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека нема да се купуваат лекови на реверс...

Данела Арсовска објави слика од насилници кои претепале службени лица !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика МВР да ја уапси, како што вели таа, банкадата која пали диви депонии, откако биле претепани...

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...