10.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПри случај на напад Македонија има 100 скривници, а во нив влегуваат...

При случај на напад Македонија има 100 скривници, а во нив влегуваат само зависници од дрога и бездомници !!!!

Само дел од над сто скривници во земјава се подготвени за користење во вонредна ситуација. Поголемиот број засолништа се запуштени и во нив влегуваат само бездомници или зависници од дрога.

Со децении наназат нема организирани акции за чистење на скривалиштата, а тие се мета на крадци, кои ги крадат железните врати. Ова е скривница во ценарот на Велес. За неа од време на време се грижат мештаните кои живеат во близина. Сепак, освен чистење на правот, тие друго и не можат да направат. Во неа недостасуваат клупите и креветите, а дел од електричната инсталација е обновена од граѓаните.

Со скривалиштата во земјава стопанисува Дирекцијата за заштита и спасување. До пред 17 години, тие му припаѓаа на Министерството за одбрана. Од Дирекцијата велат дека откако ги добиле на трајно користење, дел од нив реновирале.

„Со одлука на Влада од 2005 година дел од засолништата кои припаѓале на Министерството за одбрана, Владата ги има доделено на Дирекцијата за заштита и спасување на трајно користење. Според потребите дел од засолништата се реновирани и тоа во Скопје и Велес, а другите се во постапка која зависи од буџетот. Во трајно користење на засолништата во целата територија на Република Северна Македонија се над сто и дел од нив се подготвени во секое време за вонредна ситуација“.

Сепак, од неколкуте скривалишта во Велес кои ги посетивме, не успеавме да најдеме ниту една реновирана и подготвена за вонредна ситуација. Состојбата е слична и во Штип, но таму дел од скривалиштата се уште се опремени со специјални метални врати, системи за вентилација, сигнализација, грејни тела.

Состојбата со скривниците стана актуелна деновиве, откако светот е на раб на војна. Скривниците се наменети за засолнување на граѓаните во случај на воени дејства или нуклеарен напад. Но, такви кави што, се, овие засолништа во земјава нема многу да им помогнат на граѓаните во вонредна ситуација.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...