31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветАмерика ќе се обиде да обезбеди авиони за Украина ама Руски !!!

Америка ќе се обиде да обезбеди авиони за Украина ама Руски !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Украина инсистира на авиони од руско производство зашто нејзините пилоти се обучувани со такви системи

<

САД ја разгледуваат можноста за договор со Полска во кој таа би ѝ обезбедила авиони од руско производство на Украина, а за возврат би добила американски борбени авиони „Ф-16“.

Ова следува откако украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше видеоразговор со американските конгресмени, од кои побара да ѝ помогнат на Украина да добие борбени авиони преку источноевропските членки на НАТО.

„Работиме со Полјаците на овој проблем и се консултираме со останатите сојузници од НАТО. Ако Полска одлучи да ѝ даде авиони на Украина, ние ќе се потрудиме да ја пополниме полската флота. Испраќањето борбени авиони во Украина е суверена одлука на секоја држава, но тоа ќе бара и обемна логистика“, изјави портпарол на Белата куќа.

Украина наводно инсистира на авиони од руско производство, зашто нејзините воени пилоти се обучувани со такви системи.

Зеленски ноќеска разговарал и со Џо Бајден, кој ветил економска, хуманитарна и безбедносна помош за Украина.
Извор:Сдк Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...