27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаЗемјоделците со реакција на забраната за набавка на гориво во туби, прашуваат...

Земјоделците со реакција на забраната за набавка на гориво во туби, прашуваат како да набават нафта за тракторите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во текот на вчерашниот ден на бензинските пумпи беа забележани долги колони возила, чии сопственици чекаа да наточат гориво, плашејќи се дека може да дојде до зголемување на цените или недостаток на гориво како резултат на конфликтот меѓу Украина и Русија, иако од Владата уверуваат дека Македонија има доволно резерви на нафтени деривати.

<

Од компанијата „Макпетрол“ потсетија дека набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските регулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината.

Но, по овие случувања, во нашата редакција се јавија голем број земјоделци, кои се засегнати од оваа ситуација. Имено, тие веќе започнуваат со работа на нивите, а за тракторите да можат да работат, земјоделците мора да наточат бензин или нафта во канти.

„Земјоделец на кој основна дејност му е земјоделство и кој работи со трактор (бидејќи тракторот му е алат) и живее во населено место од каде најблиската бензинска пумпа му е на 15 км, денес оди да наточи 10 литри нафта за да врши дневни активности и таму налетува на некаква си интерна уредба од нафтената компанија дека нафта во туби не давале.“

„Денес бев вратен од бензинска со туба за нафта за тракторот. Ми рекоа дека сипаат гориво само во резервоари во возила, па како ние земјоделците ќе сипаме гориво за нашите потреби, сега почнуваме сите по нивите да работиме, дали може некој да ми објасни?“

„Како би набавил нафта еден земјоделец кој е оддалечен 30-35 км од бензинска пумпа за неговиот трактор? Доколку оди со трактор до бензинска пумпа најмалку му се потребни 20 литри гориво, а резервоарот му зема само 30 литри. И колку ќе му останат за да работи на нива или во овоштарник?“

Ова се само дел од реакциите на земјоделците, кои се надеваат дека оваа одлука ќе се преиспита и ќе се земе предвид нивната состојба и нивните потреби.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...