15.9 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаСветГеј парадите се винивни за војната во Украина, вели патријархот на...

Геј парадите се винивни за војната во Украина, вели патријархот на Руската православна црква Кирил.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Патријархот на Руската православна црква, Кирил, ги обвини либералните западни вредности, првенствено геј парадите, за руската инвазија на Украина.

<

Владимир Путин нареди „специјална воена операција“ во Украина на 24 февруари, оправдувајќи ја со денацификација и демилитаризација на земјата.

За време на својата вчерашна богослужба, Кирил кажал дека војната е за тоа на која страна ќе биде човештвото во поделбата помеѓу поддржувачите на геј парадите, што западните влади ги дозволуваат и нивните противници во проруската источна Украина.

„Парадите на гордоста се направени да демонстрираат дека гревот е една варијација на човечкото однесување. Токму затоа, за да се придружите на клубот на тие држави, мора да имате геј парада“, кажал Кирил.

Според него, геј парадите се тест на лојалност кон западните влади, што отцепените републики во Украина упорно го одбивале.

„Осум години имаше обиди да се уништи она што постои во Донбас. Таму децидно се одбиваат вредностите што денес ги нудат оние кои тврдат дека се светски сили“, рекол Кирил, кој смета дека војната во Украина е далеку поважна од политиката.

Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Меријен Илич која има македонско потекло е трета најбогата жена во светот со 6.9 милијарди долари.

Меријен Илич, сопруга на Мајк Илич, еден од најбогатите Македонци во светот е прогласена за трета најбогата жена. Богатството на Меријен, според „Boardroom“ е...

Министерот Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз...

РВР бренд му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

Светски познатиот пејач Џејсон Деруло, по повод својот прв концерт во Македонија, доби ексклузивен и персонализиран подарок – рачно изработени Nike Air Force 1...

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...