22.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаНе чекаат тешки времиња: Кога поскспува горивото поскапува и лебот и млекото...

Не чекаат тешки времиња: Кога поскспува горивото поскапува и лебот и млекото и сите други производи.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дефинитивно ова го нарушува животниот стандард на граѓаните, но загрижува и фактот дека овие трошоци ќе се прелеат на крајните производи кои ги користиме, пред се на исхраната. Ваквите состојби беа очекувани имајќи предвид што се случува во Русија и Украина, прашање е зошто владата во изминатиов период не преземаше конкретни мерки или преземаше нешто погрешно, изјави Гордана Кочоска Димитриеска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, за „Тема на денот“ на во дневникот Сител, во врска со најновото поскапување од 5,5 денари на бензините и 10 денари на дизелот.

<

Димитриеска Кочоска истакна дека ова е загрижувачки затоа што ако владата вака продолжи да се однесува може да има и отпуштања од работа додека не се стабилизираат условите.

– Состојбата ќе станува подраматична и неслучајно еден од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ беше намалување на акцизата на нафтата и нафтените деривати за 50%. Секој еден економист ова можеше да го предвиди и да види дека ќе дојде ваква состојба. Во вакви услови власта требаше да размисли како да ги заштити граѓаните, рече Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека кога станува збор за нафтените деривати, ние имаме стокови резерви, и затоа треба да се тргне од моментот 5 ноември бидејќи Пендаровски кажа дека оттогаш знаеле дека нешто ќе се случува со Русија и Украина и во тој момент требало да преземат мерки да ги обезбедат стоковите резерви, но изминативе денови нешто не се разговара на таа тема.

– Од агенцијата за стокови резерви информираа дека имаме покриеност за 56 дена иако законскот налага покриеност за 90 дена. Ако власта знаела на 5 ноември и тогаш го имавме буџетот, прашање како може да не размислуваат за овој момент? Власта не може да ја гледа само својата страна и да прибира пари на терет на граѓаните и во исто време да не се откаже од ништо во корист на граѓаните, изјави Димитриеска Кочоска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена од Тетово нападната од мечка !!

Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската...

Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт- Се разговараше за туризмот и политичката состојба во Р.М.

Градоначалникот Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард. На средбата се разговараше...

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...