14.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаСветБајден потврди: САД забрануваат увоз на руски гас, нафта и јаглен

Бајден потврди: САД забрануваат увоз на руски гас, нафта и јаглен

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на САД, Џо Бајден, попладнево потврди дека САД воведуваат целосна забрана за увоз на гас, нафта и јаглен.

<

Според Бајден, овој потег значи дека американскиот народ нанесува уште еден силен удар на Путин и неговото раководство.
И покрај стравувањето дека ваквиот чекор ќе ги зголеми цените на бензинот, тој доби широка политичка поддршка во САД, пренесе Би-би-си. Ваквиот потег беше најавен од утрово, а во исчекување на потврдата на Бајден, цената на суровата нафта порасна за околу 5 отсто, односно на 150 долари за барел.

Претходно, и Европската комисија објави план за независност на Европа од руските фосилни горива пред 2030 година, што дојде откако Русија се закани дека ќе го затвори магистралниот гасовод за Германија доколку Западот продолжи со забраната за руска нафта. Дел од британските медиуми објавија дека на ваков чекор се подготвува и Велика Британија, а во текот на денот не се исклучува и обраќање од британскиот премиер Борис Џонсон на оваа тема.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...