13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаУкраинската амбасада во Скопје ги повикува граѓаните на Северна Македонија да се...

Украинската амбасада во Скопје ги повикува граѓаните на Северна Македонија да се приклучат во украинската војска.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Два повика – еден избришан, еден се уште активен на официјалниот Твитер профил на украинската амбасада – се бара учество на граѓани од Македонија во Меѓународната легија, нова воена формација во украинската војска, наменета за територијална одбрана на државата.

<

Поставени се и броеви и мејл адреси, каде граѓаните да се пријавуваат доколку македонските граѓани сакаат да учествуваат во воената формација, за да и помогнат на Украина.

Повикот на Украинската амбасада во Македонија доаѓа по најавата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски од минатата недела, дека сите кои сакаат да се приклучат на Меѓународната легија за борбата против Русија можат тоа да го сторат без виза.

Повикот пак, е спротивен на кривичниот законик. Во Македонија е казниво дело учество во странска војска

– Предвидена е затворска казна од најмалку четири години. Иста казна е предвидена и доколку на било кој начин се шири јавна порака со која се врбуваат граѓаните.

Казна е предвидена и за регрутори, организатори и превезувачи на македонски граѓани за учество во странска војска – се предвидуваат казни од минимум 5 години.

Телевизја 24

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...