16.9 C
Ohrid
среда, октомври 9, 2024
ПочетнаМакедонијаПред 8-ми март граѓаните во Радовиш ги испокрадиле цвеќињата од жардињерите во...

Пред 8-ми март граѓаните во Радовиш ги испокрадиле цвеќињата од жардињерите во градот.

Петокот на 4 Март 2022 година ЈП”Плаваја” започна со пролетно садење на цвеќиња во жардињерите на булеварот и низ други јавни површини во Радовиш, кои се предвидени со Програмата за паркови и зеленило.

„И наместо сите да се радуваме во убавата глетка и цвеќињата кои ја најавуваат пролетта, да уживаме во нивните бои и природата која се буди, останавме занемени од сликата што ја затекнавме денес: СИТЕ ЦВЕЌИЊА ОТКОРНАТИ И УКРАДЕНИ“, реагираат од ЈП Плаваја, Радовиш.


„Жална слика која само ја отсликува нашата антикултура и антисоцијални навики. Вандалите не уништуваат само урбана опрема, тие почнаа да крадат и цвеќиња со кои се оплеменува урбаната средина.

Се надеваме дека ова ќе биде последен пат и дека сите што ги приметивте како крадат цвеќиња ќе продолжите да ги пријавувате и да ни испраќате фотографии“ велат од ЈП Плаваја по повод овој немил настан.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заев го прослави својот 50-ти роденден со торта во форма на мотор !!

Поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, вчера го прослави својот 50-ти роденден на приватна забава во кругот на семејството и најблиските...

Исплатена е добивката од 1,7 милиони евра, добитникот е од Охрид !!!

Од Државна лотарија на Република Македопнија информираат дека е исплатена најголемата досега, рекордната 7-ка вредна 1.700 000 евра, или 109.012.304 денари. Добитникот е од Охрид...

Теа од Куманово ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум во Мексико

Теа Георгиевска од Куманово ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за убавина „Мис Универзум“ кој идниот месец ќе се одржи во Мексико. Титулата Мис...

Ристовски: Познатите спортисти во Македонија нема повеќе да рекламираат казина и спортски обложyвалници.

Познатите спортисти кои досега рекламираа обложувалници или казина, во иднина нема да го прават тоа. Ова го изјави министерот за спорт Борко Ристовски. Станува збор...