18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаНова трагедија ја потресе Македонија: Девојка почина од струен удар, мајката се...

Нова трагедија ја потресе Македонија: Девојка почина од струен удар, мајката се обидела да и помогне, но и таа починала.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дваесет и четири годишна девојка починала од струен удар вчера во куќа во село Горно Арнакија. Од удар на струја починала и нејзината мајка која се обидела да и помогне, додека сестрата на девојката истрчала да побара помош. Кога се вратила ги нашла двете починати.

<

Вчера околу 14.50 часот во Полициско одделение Сарај од Итната медицинска помош е пријавено дека во село Горно Арнакија има две женски лица починати од струен удар.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и според изјавеното од Н.С.(27) од с.Арнакија, откако околу 14.10 часот ја пронашла нејзината сестра М.С.(24) од истото село во купатилото погодена од струен удар, се упатила по помош, но во меѓувреме нејзината мајка З.С.(57), при обид да ѝ помогне на М.С., била погодена од струен удар.

Од Итна медицинска помош е констатирана смрт кај двете лица. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по насока на јавен обвинител телата на починатите се предадени на семејството.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...