15.6 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаСветЗеленски: Путин и сам виде колку сме силни, сакал неќел ќе мора...

Зеленски: Путин и сам виде колку сме силни, сакал неќел ќе мора да преговара.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Vice“ изјави дека мисли оти рускиот претседател Владимир Путин ќе престане со неговото непријателско однесување и дека конечно ќе има вистински преговори.
Путин видел дека Русите се соочуваат со жесток отпор од Украинците.

<

„Мислам дека ќе го направи тоа . Мислам дека гледа дека сме силни“, рече Зеленски. „Ќе, ни треба само малку време“, додава тој.

Пентагон проценил дека Русите изгубиле четири илјади војници. Зеленски вели дека руските сили напредуваат побавно низ Украина и дека Русија и целиот свет се изненадени од силниот одговор на Украинците. Зеленски смета дека овие факти ќе го принудат Путин да го прекине конфликтот преку преговори.

Новинарот го прашал украинскиот претседател дали може да му верува на Путин, на што тој одговорил: „Доверба? О, не. Јас му верувам само на моето семејство“. Потоа се појави прашањето дали тогаш може нешто да се договори со Путин.

„Мораме, за да ја запреме оваа војна… Како да ја запреме оваа војна? Само преку дијалог. И само преку дијалог со претседателот на Русија. Русија се бори со нас, таа влезе во нашите куќи, кај нашите деца… Ние не ги поканивме“, вели Зеленски. Неговата порака до Путин е „Стоп за војната. Почни да зборуваш. Тоа е се.“.

Запрашан што ќе се случи доколку Путин не преговара, Зеленски одговори: „Мислам дека ќе го направи тоа. Мислам дека гледа дека сме силни. Ни треба само малку време“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...

Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне. (Видео)

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите,...

Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не

Внатрешната болка до крајот на мојот живот ќе трае, зашто лузната како лузна веќе не ме засега, изгубив од сестра детенце, тој е...