21.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицијата во Македонија се поднови со 8.000 јакни !!!

Полицијата во Македонија се поднови со 8.000 јакни !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нови 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата – продолжуваме со сеопфатно подобрување на материјално-техничките услови за работа на полициските службеници во контекст на мотото што ова раководство на МВР си го постави – опремена полиција за безбедни граѓани!

<

Одлучни сме да продолжиме и во 2022 година со системското и посветено подобрување на работната средина на полицијата во насока на унапредување на перформансите во борбата против криминалот, подобрување на сообраќајната, но и целокупната безбедност на сите граѓани во нашата држава.

Периодов во магацините на МВР пристигнаа и 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата, коишто очекуваме да бидат распределени започнувајќи од денес, 11.03.2022.

Започнувајќи од 2017 година, откако беше преземено раководењето на МВР од страна на министерот Оливер Спасовски, со нова стратешка поставеност на МВР за периодот од 01.06.2017 до 18.01.2022 реализиравме инвестиции во униформи во вредност од над половина милијарда денари со вклучен ДДВ или безмалку 10 милиони евра. Така, специјалните единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, а само од јули 2021 година до крајот на 2021 обезбедивме 10.000 кошули со долг ракав и 10.000 кошули со краток ракав за припадниците на полицијата, 2330 парчиња флуоросцентни елеци, 660 комплет униформи за приправници, 30 комплети работни одела за кујни, 34 парчиња воздухопловни јакни, 19 парчиња воздухопловни комбинезони и 7 парчиња специјални заштитни комбинезони, како дел од униформа за воздухопловен персонал, по 473 парчиња цивилна облека, обувки, цивилни кошули и цивилни чевли, 8.000 парчиња “поло” маици, 10.000 рала полувисоки чевли.

Меѓудругото, во рамки на планот за материјално-техничко подобрување на условите за работа на полициските службеници, реконструиравме и саниравме 70 објекти на МВР на територијата на целата држава, трансформирани и на енергетски план, со нови системи за ладење и греење, промена на прозорци и врати, подови и кровови, нови термоизолациски фасади, со што директно овозможуваме заштеди во буџетот, ги намалуваме емисиите на штетни гасови, придонесуваме кон заштита на животната средина. Во моментов, интензивната градежна офанзива е во тек на уште 7 објекти, и тоа: ОВР Радовиш, ОВР Делчево, ОВР Берово, ЕВР Карпош, Одделот за заштита на личности и објекти во Скопје, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, со тоа што прв ќе биде промовиран објектот на Единицата за внатрешни работи Карпош, како 71 реконструиран објект. Исто така, обезбедивме и поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, а се модернизира и возниот парк.

Продолживме и со грижата кон остварување на правата на вработените, со тоа што ги исплативме трите заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови во претходната година, а наскоро ќе биде исплатена и бонус платата за 2021 година, додека со Буџетот на МВР за 2022 година, обезбедивме средства за зголемувања на платата за 5% на сите вработени во МВР во септември 2022 година.

Трендот на квалитативно подобрување на условите за работа останува приоритет на ова раководство на МВР, бидејќи секое вложување во полицијата значи задоволни полициски службеници, што за возврат значи унапредување на севкупната безбедност на граѓаните.

——–

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...