16.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаКреаторите на "Јавна соба" добија по четири години затвор за ширење детска...

Креаторите на “Јавна соба” добија по четири години затвор за ширење детска порнографија во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кривичниот суд изрече две казни за случајот “Јавна соба”. Основачот на оваа група на социјалната мрежа “Телеграм”, Дарко Костовски доби 4 години затвор, а на исто толку години е осуден и администраторот Михаил Паневски.

<

Костовски и Паневски се гонеа за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Дури 102.000 фотографии и видеа биле најдени во телефонот на Костовски, а повеќе 14.000 фотографии и видеа кај Паневски, кажа судијката Билјана Коцевска.

Обвинетите се огласуваат за виновни бидејќи првообвинетиот ја основал групата Јавна соба на Телеграм, а второобвинетиот како модератор иако морале да внимаваат што се прикачува во групата, дозволиле да се направи достапно видео со порнографски елементи со дете“, додаде Коцевска.

Двајцата беа и во притвор поради опасност од бегство. А во обвинителниот акт стоеше: „Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата ‘Јавна соба’ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата“.

Потсетуваме, креаторот на групата е на возраст од 33 години, семеен човек со 2-годишно дете. Администраторот е од Скопје и требало да стане полицаец. Двајцата биле во притвор поради можноста да избегаат.
Toчка.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...