4.5 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаСветСЗО до Украина: Уништете ги патогените во лабораториите

СЗО до Украина: Уништете ги патогените во лабораториите

spot_img

Светската здравствена организација (СЗО) ѝ препорача на Украина да ги уништи опасните патогени кои се наоѓаат во лабораториите за јавно здравје во земјата за да се спречи можноста од нивно „бегство” и ширење на болести меѓу населението.

<

Експертите за биобезбедност предупредуваат дека со влегувањето на руските војници во Украина и бомбардирањето на градовите се зголемува ризикот од бегство на патогени во случај на оштетување на некоја од тие лаборатории.

Како и во многу други земји, лабораториите за јавно здравје истражуваат како да ја намалат заканата од опасни болести што ги погодуваат животните и луѓето, вклучително и најновата ковид-19. Украинските лаборатории добиваат поддршка од САД, Европската Унија и СЗО.

На прашањето на Ројтерс за нивната соработка со Украина пред и за време на руската инвазија, СЗО рече дека соработувала со украинските лаборатории за јавно здравје неколку години за да осигури безбедносни практики кои помагаат да се спречат „несреќи или намерно ослободување на патогени“.

„СЗО, во рамки на својата работа, им препорача на украинското министерство за здравство и другите одговорни тела да ги уништат опасните патогени и да ја спречат можноста за нивно „бегство““, одговори СЗО.

Сепак, тие не кажаа кога е дадена препораката, ниту пак дадоа детали за видовите патогени или токсини кои се наоѓаат во украинските лаборатории. Агенцијата не одговори на прашањата дали нивните препораки се испочитувани.

Украинските власти во Киев и нивната амбасада во Вашингтон не одговорија на барањето за коментар.

Можностите на украинските лаборатории се најдоа во центарот на засилената информациска војна откако руската војска влезе во Украина.

Во средата, портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова го повтори старото тврдење дека САД водат лабораторија за биолошко оружје во Украина, што и Вашингтон и Киев постојано го негираа.

Захарова рече дека документите извлечени од руските сили во Украина докажуваат „обид да се избришат докази за воени биолошки програми“ со уништување на лабораториски примероци.

Ројтерс забележува дека не можел да добие независна потврда за нејзините информации.

Украина ги отфрли обвинувањата, како и портпаролите на американската влада, кои тврдат дека Русија можеби ги користи како изговор за употреба на сопствено хемиско или биолошко оружје.

СЗО во својата изјава не споменува биолошко оружје. Агенцијата на ОН нагласува дека ги поттикнува сите страни на соработка и „безбедно отстранување на сите патогени на кои ќе наидат и да побараат техничка помош, доколку е потребно“.

Советот за безбедност на ОН ќе се состане во петок на барање на Русија, соопштија дипломатите, за да расправаат за тврдењата на Москва за постоење на американски биолошки активности во Украина

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...