12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаСветАвстралија и Холандија ќе ја тужат Русија поради соборениот авион од летот...

Австралија и Холандија ќе ја тужат Русија поради соборениот авион од летот МХ17 во 2014

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Австралија и Холандија започнаа правна постапка против Русија во Меѓународната организација за цивилно воздухопловство на ОН поради соборувањето на летот 17 на Малезија ерлајнс во 2014 година, се вели во денешното соопштение на австралиската влада.

<

Летот на Малезија ерлајнс Амстердам-Куала Лумпур беше соборен во јули 2014 година со проектил истрелан од проруските бунтовници во Украина. Сите 298 луѓе во авионот загинаа, потсетува Си-Ен-Ен.

„Одбивањето на Руската Федерација да ја преземе одговорноста за нејзината улога во соборувањето на летот MХ17 е неприфатливо и австралиската влада отсекогаш велеше дека нема да исклучува никакви правни опции во нашата потрага по правдата“, се вели во изјавата на премиерот Скот Морисон, министерката за надворешни работи Марис Пејн и јавната обвинителка Михаела Кеш.

„Во октомври 2020 година, Русија еднострано се повлече од преговорите со Австралија и Холандија во врска со соборувањето на летот MХ17 и одби да се врати на преговарачка маса и покрај постојаните барања на Австралија и Холандија. Двете земји настапуваат од позиција дека Русија ги снабдила сепаратистите со ракетниот систем користен во нападот, а потоа го вратила назад“, се посочува во заедничката изјава. Во неа уште посочуваат дека „ракетата можела да биде истрелана само од обучениот руски екипаж на Бук-ТЕЛАР, или барем од некој што дејствувал под нивна инструкција, насока или контрола“.

MИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...