9.9 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаНепостоечка фирма во Македонија со фалсификувани документи добила околу 90 тендери !!!

Непостоечка фирма во Македонија со фалсификувани документи добила околу 90 тендери !!!

Непостоечка фирма во Скопје, со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година има добиено најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства. Ова е предмет што на денешната седница го образложи Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од каде ќе биде доставена иницијатива за кривично гонење во Основното јавно обвинителство во Скопје, како и предупредување известување до Владата, на седница да ги известат сите надлежни органи во постапките за лифтови доколку се појави таа фирма.
Пишува зоом.мк

Од ДКСК нагласуваат дека не смеат да го објават името на фирмата, но изразуваат надеж дека за овој случај ЈО ќе постапи експресно. Оваа фирма била поврзана уште со две други фирми од Скопје, кои работат исто така на монтажа, сервисирање и одржување лифтови, од причина што управителот на оваа фирма е вистински сопственик на овие два други трговски субјекта.

Како што појасни Георгиев предметот во ДКСК е по пријава за наводи за сомнежи за користење фалсификувани ИСО сертификати од стана на фирма за сервисирање, ремонт и монтирање лифтови, со цел да се добие тендер во ЈЗУ Општа Градска болница во Скопје.

Според Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК се работи за класичен криминал и делување и доколку овие субјекти дејствувале подолг временски период ќе се открие дека тие работеле не само кај јавни јавни субјекти, туку сигурно во станбени згради. Таа укажа дека таа група која функционирала ја знаела слабоста на актуелниот Закон. – Замислете која е опасноста, со лажни сертификати за лифтови, животи се во прашање, потенцира таа.

Катица Николовска, член на ДКСК, е загрижена од фактот што конечни корисници се државните институции и има дилема на кој начин Антикорупција може да ја запре оваа фирма да учествува во јавни набавки со цел да не предизвикува натамошна штета и да се случи нешто со несакани последици.

Георгиев појасни дека Градската Општа болница објавила тендер, а Комисијата за јавни набавки во болницата ја проверила валидноста на ИСО сертификатите кај самиот издавач на сертификатите – фирма од Хрватска, од каде добиле одговор дека сертификатите се фалсификувани. Комисијата не ја прифатила понудата од наведената фирма, а непостоечката фирма вложила жалба до државната комисија за жалби по јавни набавки, од каде е одбиена како неоснована.

– Во електронската кореспонденција може да се констатира дека фалсификувањето на овие ИСО сертификати е направеон така што физичко лице од земјава претставувајќи се како главен управител на фирма застапник на фирмата за сертифицирање од Хрватска, од свој домејн во врска со објавениот тендер, до електронските пошти до економскиот оператор што ги поднел фалсификуваните сертификати и до Комисијата за јавни набавки, доставил лажна информација дека овој непостоечеки трговски субјект е официјален застапник на хрватската фирма за сертифицирање. Овој трговски субјект нема евиденција во Централниот регистар во Република Македонија. Ги прикачил лажните сертификати, како и фалсификувана потврда, за извршена сертификација од хрватската фирма, како и фалсификуван потпис од лице од Хрватска во својство на директор на фирмата за сертифицирање, појаснува Георгиев.

Меѓу другите информации и контакти остварени од страна на Антикорупција, Георгиев остварил контакт и со директорот на хрватската фирма овластена за сертификати, од каде било потврдено дека сите ИСО сертификати кои биле користени при учеството на тендерот објавен од Општата Градска болница, се фалсификувани. Бил наведен и податок дека и други субјекти се пожалиле од таа фирма за акредитација од Хрватска оти такви сертификати буле повеќекратно употребувани од оваа фирма од нашата држава.

Во текот на работата, истакна Георгиев, постои системска слабост во системот за јавни набавки односно Комисијата за јавни набавки кај кој било државен орган нема обврска да ја проверува автентичноста односон валидноста на ИСО сертификатите. Тој смета дека токму оваа слабост била искористена од страна на оваа фирма.
Извор:Зоом.Мк

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во петок литија со икона од Света Гора во центарот на Скопје

Во петок, на 20 септември во Скопје, монасите од Света Гора заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, ќе донесат копија од...

Претседателката: Видов дека го нема знамето и мислев да си заминам, но ќе направев скандал

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска објасни како дошло до дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата со Румен Радев во...

Семејно насилство во Скопје: Постариот брат го тепал помалиот, а помалата сестра ја претепала постарата..

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра...

Владата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да...