15.9 C
Ohrid
понеделник, септември 15, 2025
HomeСветРуските тврдат дека го ликвидирале најдобриот снајперист, само 20 минути откако пристигнал...

Руските тврдат дека го ликвидирале најдобриот снајперист, само 20 минути откако пристигнал на фронтот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Руските специјалци тврдат дека го ликвидирале најдобриот снајперист, само 20 минути откако дошол на фронтот.

<

Канадскиот снајперист со прекар Вали, кој пред неколку дена пристигна во Украина за да учествува во одбраната на земјата од руската инвазија, наводно бил убиен во Мариупол на неговиот прв ден на фронтот, пишува Дејли Мејл.

Според непотврдените информации, Вали бил ликвидиран од припадници на специјалните единици на руската војска (Спецназ)само 20 минути откако ја зазел положбата.

Вали пред неколку дена се огласи од фронтот во Киев и ги предупреди руските војници дека ги чека „уште еден Сталинград“.

Учествувал во војните во Авганистан и Ирак, а неодамна отпатувал во Украина за да се вклучи во борбата против Русија.

– Не ми се допаѓа идејата да пукам во никого. Но, кога ќе дојде време да се повлече чкрапалото, нема да се двоумам. Ако Путин навистина го сака Киев, ќе мора да плати огромна цена. Никој не сака Руси овде и сите ќе се спротивстават. Загубите што можеме да им ги нанесеме се луди. Тој ќе изгуби толку многу животи што ова ќе стане уште еден Сталинград“, рече Вали во телефонско интервју за Дејли Мејл.

Инаку, овој поранешен канадски војник кој 12 години бил на различни боишта се прославил во 2017 година, кога наводно од далечина од околу 3,5 километри пукал во борец на Исламската држава, со што го соборил рекордот.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...