9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветЗеленски: Се слушнав со Елон Маск, ќе добиеме уште една серија Starlink

Зеленски: Се слушнав со Елон Маск, ќе добиеме уште една серија Starlink

spot_imgspot_img

Разговарав со Елон Маск. Благодарен сум му што ја поддржа Украина со зборови и дела. Следната недела ќе добиеме уште една серија Starlink системи за уништените градови. Разговаравме за можни вселенски проекти. Но, за ова ќе зборувам по војната, објави предмалку на Твитер претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Маск: Постојат големи шанси антените на Старлинк да се цел на напади во Украина, камуфлирајте ги

Илон Маск пред два дена предупреди дека има голема шанса услугата на сателитскиот широкопојасен пристап до неговата компанија Старлинк може да биде цел на непријателите во Украина. Маск по рускиот напад на Украина им испрати на Украинците сателити Старлинк за да имаат пристап до интернет.

Сега наводно во некои делови од земјата нема интернет.

Маск ги советуваше корисниците да стават лесна камуфлажа преку антените за да избегнат визуелно откривање на сателитите. Тој исто така рече дека корисниците треба „да го вклучат Старлинк само кога е потребно и да ја постават антената што подалеку од луѓе“, пренесува Би-би-си.

Реакцијата на Маск доаѓа неколку дена откако беше предупредено дека уредите кои примаат сателитски сигнали можат да станат еден вид патоказ за руските воздушни напади.

Сателитските антени на Маск за Старлинк пристигнаа во Украина на 28 февруари. Не поминаа ни 48 часа откако Илон Маск најави дека неговата компанија Спејсекс ќе испрати помош до земјата која се обидува да се одбрани од руската агресија.

Украинскиот министер за дигитална технологија Михаило Федоров тогаш објави фотографија, на која се гледаат повеќе од десетина кутии со кориснички терминал за поврзување со сателити, држач за монтирање и ви-фи емитер.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...