0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДoлг црн список во МВР: Ни трага, ни глас од малиот Петар,...

Дoлг црн список во МВР: Ни трага, ни глас од малиот Петар, од баба Рада, се трага по 280 исчезнати лица од кои по скопјанец 35 години

spot_img

Пријава за исчезнато дете ги вознемири македонските граѓани на 25-ти февруари годинава. Златокосото момче Петар Џобески од мариовско исчезна без трага на своја 10-годишна возраст, пишува во својата анализа порталот Курир.

Потрага по него започнаа селаните и локалните ловџии, но станува збор за екстремно опасен терен, па патот до успешна акција беше огромен и тежок од самиот старт.

Петар е дете со посебни потреби. Тешко комуницира со други луѓе. Родителите на Петар, со своите три деца од Прилеп, каде живеат, неколку дена биле во селото Врбско за да ги проверат пчелите. Петар кога исчезнал бил облечен во лесна облека.

КУРИР денес побара детали за овој случај од МВР. Ги прашавме „Како тече потрагата и што е досега превземено за пронаоѓање на малиот Петар Џобески од мариовско“?

-Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар, за кое неговиот родител пријави на 25.02 вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп. Во потрагата учествуваа и учествуваат 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, дронови, а во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци. Потрагата продолжува се до пронаоѓање на детето, велат од МВР за КУРИР.

Во описот за Петар, на сајтот на МВР каде се наведени исчезнатите лица пишува: „Висок е околу 140 сантиметри, проценета тежина 35 килограми, коса плава,очи црни. Облечен во тренерки, тенко блузиче, џакет и детски чизми .Лицето е со ментална попреченост“.

Денес е 12-ти ден откако баба Рада излегла од домот во скопско Волково и се упатила во непознат правец.

Семејство бара помош за нејзино наоѓање и преку социјалните мрежи, споделувајќи нејзина фотографија.

КУРИР и за овој случај денес побара информации од МВР.

-На 03.03.2022 во 17:00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.И.(60) од с.Волково, скопско, пријавил дека од дома се оддалечила неговата мајка Р.И.(83). Веднаш по пријавата од страна на полициски службеници и инспектори од Полициската станица Ѓорче Петров превземени се мерки и активности и се постапува по планот за пронаоѓање на лица: извршени биле разговори со членови на семејството, соседи, лица од околните куќи каде живее пријавената и било извршено пребарување на околниот терен. Се проверуваат податоци и информации кои би можело да придонесат за нејзино пронаоѓање. Известен бил Јавен обвинител и се постапува по негова насока. Од страна на Полициската станица Ѓорче Петров се превземаат континуирани мерки за пронаоѓање на лицето. Потрагата по пријавено лице трае се до неговото пронаоѓање, велат од МВР за КУРИР.

Истите прашања кои ги постави до МВР, КУРИР ги испрати и до Дирекцијата за заштита и спасување, но од таму одговор немаме добиено до објавување на овој текст.

Малиот Петар и баба Рада се само две од вкупно 280-те исчезнати лица во Македонија. За сите нив има активна потрага.

На сајтот на МВР кај делот за исчезнати лица, пак, можат да се најдат информации за 64 од вкупно 280.

Голем интерес кај јавноста во изминативе години разбуди исчезнувањето на неколку млади лица меѓу кои: Марија Брзакова, Илија Лазаревиќ, Никола Милев, Љумани Исљам.

Дваесет и осум годишната Марија Брзакова исчезна на 18-ти јануари 2020-та година. . Според информациите од блиските, била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

 

 

30-годишниот Илија Лазаревиќ на 2-ти април минатата година излегол од својот дом на ул„Илинденска“ бр.5 во Демир Капија и сè уште не се вратил, ниту пак се јавил каде се наоѓа. Висок е околу 180 сантиметри, со кафеава коса, сини очи, средно долга брада. Бил облечен во темно црвена тренерка, кратки црни пантолони и сиви патики.

Сè уште не е пронајден радовишанецот Никола Милев (27), кој на 18-ти ноември 2021-ва неговата сестра го пријавила за исчезнат.

Младиот човек кој престојувал кај својата сестра во Струмица, каде околу пет месеци работел во приватна фирма, излегол облечен во темни фармерки, црно-бела блуза и зимско темно палто. Телефонот му бил исклучен.

 

 

Љумани Исљам е роден во 1992-ра година. Исчезнува на 21.03.2021-ва во селото Крани во Ресен. Никакви информации нема за него веќе цела година.

-Најстар случај за пријавено исчезнато лице е Алкан Амет од Скопје, кој е пријавен на 30.04.1987 година. Од тогаш до денес, значи во период од околу 35 години, во базата на МВР има регистрирано активна потрага за 280 лица. Потрагата за сите пријавени лица трае се до нивно пронаоѓање, информираат од МВР за КУРИР.

 

 

 

Препораки што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица

-Доколку некое лице исчезне, контактирајте ги сите кои би можеле да го знаат местото на престој на исчезнатото лице.

-Соработувајте со полицијата, дајте ги сите информации за пријателите и роднините на исчезнатото лице, местата кои често ги посетува, здравствената состојба или начин на однесување во блиското минато

-Споделете ги карактеристичните размислувања на исчезнатото лице, неговите видувања за идни планови

-Не сокривајте информации од полицијата, бидете достапни – Обезбедете фотографија и дозволете и на полицијата да ја сподели со јавноста.

-Обратете се во најблиската полициска станица, полицискиот службеник за прифат или инспекторот по потраги ќе ги земе сите податоци кои се потребни

-Водете грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми и страдаат од болести заради кои ја губат способноста за осознавање, не ги оставајте без придружба и надзор.

Извор: Курир

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...