26.9 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонијаВо КАМ маркетите криеле зејтин, казнети се по 15.000 евра..

Во КАМ маркетите криеле зејтин, казнети се по 15.000 евра..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Три маркети во Скопје, од Пазарната инспекција добија вкупна казна од 12.000 евра за фирмата и вкупна казна од 3.600 евра за одговорното лице, поради условување за купување на производ, откако зејтинот го тргнаа од полиците, а иако го имале на залиха, го даваа само ако купувачите направат сметка од 800 денари.
Во јавноста протекоа снимки како во маркети на трговскиот синџир „КАМ“, на купувачите им се сугерира дека зејтин можат да добијат само гратис, со направена сметка над 800 денари.
Директорката на пазарниот инспекторат Анета Симеска – Димоска за НОВА ТВ изјави дека казните се согласно Законот за потрошувачи за условување на купување на производ. Притоа таа не наведе за кои маркети станува збор. „Потрошувачите не смее да бидат условувани на тој начин, гратис може да се даваат само поситни артикли кои дополнуваат одреден производ. Маркетот не ставил на видно место информација за таквата акција, а дополнително утврдивме дека тие имале зејтин на залиха“, вели таа.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прв ваков случај во Македонија: Регистрација на осуденик во затворот во Струмица.

Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се случи редок, но длабоко значаен хуман чин – првпат во историјата на установата беше законски регистрирано осудено...

Дарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство – сопругата ме тепаше во Америка.

Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс – некогаш а богами и сега еден од најследените Македонци на Инстаграм и познат влогер од...

Богојески: Вранишковски да се одлучи – дали е српски или македонски владика!

По повод присуството на т.н. владика Зоран Вранишковски на прославата на Илинден на Мечкин Камен, користејќи возило со српски регистарски таблички, претседателот на Македонски...

МПЦ-ОА основа фирма за бизнис со струја со австралиски и црковен капитал.

Централниот регистар го запиша новото трговско друштво „КОНСТАНТИН ЕНЕРЏИ ДОО Скопје“, чија примарна дејност ќе биде производство на електрична енергија од обновливи извори, објави...