18.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСе бара правда за Битолчанецот кој го застрела поранешниот зет со цел...

Се бара правда за Битолчанецот кој го застрела поранешниот зет со цел да си ја заштити ќерка си, од насилниот сопруг.

spot_imgspot_img

Убиство што ја потресе Битола кога татко бранејќи ја својата ќерка од насилството на поранешниот сопруг го застрелал зетот.

Убиениот рано утрото упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и и се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал на лице место. Според полицискиот извештај, екипата на Итната медицинска помош само ја констатирала смрт. Убиениот пред извесен период се вратил од одлежување на казна затвор и ѝ бил добро познат на полицијата со дебело криминално досие.

На социјалните мрежи се огласи и неговиот син, братот на девојката која била малтретирана многу години….

Драги пријатели, добро намерници и сите што ја знаете вистината за мојот ТАТКО кој што си ја бранеше својата фамилија од 20 годишните маки. Ве повикувам утре на ден 23.02.2022 г. во 12:00ч. заедно со мене и мојата фамилија на мирен протест пред Основниот суд во Битола поради одлуката на судот за притвор на мојот ТАТКО и истиот да биде пуштен дома за да се брани од слобода за дело кое што го направи во самоодбрана и нужна одбрана и спаси пет други животи, заедно со неговиот шест.

Протестот е уредно пријавен во Полиција.

Ве молам споделете и Ви благодарам за поддршката на сите!

Јове Ѓоргиевски, син на Тони Ѓоргиевски – Фердо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...