1.9 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаВисоките цени на горивата го вратија добитокот за орање на оризовите ниви...

Високите цени на горивата го вратија добитокот за орање на оризовите ниви во кочанско

Наместо со трактори и друга земјоделска механизација, дел од земјоделците во Кочанско почнаа со добиток да ги ораат и да ги подготвуваат оризовите ниви пред претстојната пролетна сеидба.

Драстичното зголемување на цените на моторните горива и дополнителните давачки се причина што обработката на земјоделските површини оваа сезона ќе биде во специфични услови, во обид да се намалат трошоците за производство на ориз.

ЗА ОРАЊЕ КОРИСТАМ ДВЕ МАСКИ СО КОИ ДНЕВНО МОЖЕ ДА СЕ ОБРАБОТИ И ДО ПОЛОВИНА ХЕКТАР, АКО СЕ РАБОТИ ОД УТРО ДО МРАК. ПОСКАПУВАЊЕТО НА ДИЗЕЛОТ ПОЛЕКА НÈ ВРАЌА НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ НАНАЗАД, ПА ОРАЊЕТО, ПРЕВОЗОТ НА ЃУБРИВОТО И НА СЕМЕНСКИОТ МАТЕРИЈАЛ ЌЕ ГИ ПРАВИМЕ КАКО ВО ВРЕМЕТО НА НАШИТЕ ДЕДОВЦИ И ПРАДЕДОВЦИ. НАПОРНО Е, ПОБАВНО ОДИ ПОДГОТОВКАТА НА ЗЕМЈИШТЕТО, НО СО ОГЛЕД ШТО НА ОВОЈ НАЧИН ЌЕ ЗАШТЕДАМ ОКОЛУ ДВЕ ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ЧЕТИРИ ХЕКТАРИ, СОСЕМА ОПРАВДАН Е ТРУДОТ.
ОДГЛЕДУВАЊЕТО НА ЖИВОТНИТЕ, ГЛАВНО ЗА ХРАНА, МЕ ЧИНИ ОКОЛУ ДВЕСТА ЕВРА ВО ТЕКОТ НА ЗИМСКИОТ ПЕРИОД, ШТО ЈА ПОТВРДУВА ИСПЛАТЛИВОСТА. ВО ТЕКОТ НА ПРОЛЕТТА И ЛЕТОТО, ДОДЕКА ТРАЕ НАПАСУВАЊЕТО, НЕМА ТРОШОЦИ ЗА ДОБИТОКОТ. ЗАСЕГА РАБОТАМ САМО НА МОИ ПОВРШИНИ И ТОА ЌЕ МИ БИДЕ ДОВОЛНО ЗА ОВАА СЕЗОНА, ВЕЛИ СЛАВЕ ПЕТРОВ, ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ОД КОЧАНИ.https://www.vecer.press/

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...

Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми- Го фатиле како краде дрва !!

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности...