14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија држава која живее од милостина: Ни подаруваат вакцини, војнички униформи...

Македонија држава која живее од милостина: Ни подаруваат вакцини, војнички униформи и полициски возила

spot_imgspot_img

Не поминува ниту една недела Македонија да не прими некаква донација. Војската, полицијата, здравството и други области се чини преживуваат од донации.

Пандемијата ја затекна државава неподготвена, така што во 2020 во државава пристигнаа многу авиони со донации, како заштитна опрема, брзи тестови и респиратори. И таман се навикнавме на тоа, почнаа да се произведуваат вакцини, но и за тоа Македонија требаше да пружи рака бидејќи сама не успеа да набави, иако пари имаше. Најголемата количина пристигна од Србија пишува тв21

Освен здравството, донации често примаше и Армијата. Последната донација е 7.400 униформи кои Турција и ги подари на војската и тоа токму во месецот на Рамазан.

„Реализацијата на оваа церемонија во месецот на Рамазан спаѓа во карактеристики на споделување и солидарност и уште повеќе го зајакнува значењето на соработката меѓу нашите воени сили“, истакна Хасан Мехмет Секозкок.

Освен најосновни работи, како што се маски и други опрема, пред некое време Армијата како донација доби и 1200 автоматски пушки М-4, подарок од САД.

Без донации не остана ни МВР. Пред неколку месеци Германија донираше возила и друга опрема во тотална вредност од 660 илјади евра.

“Донација од 22 теренски возила, термални камери, апарати за проверка на документи, уреди за присилно запирање на возила и друга опрема”, посочи Анке Холштајн.

Изминатава година од САД, МВР доби донација во опрема во вредност од околу 460 илјади долари. Полицијата исто така доби многу донации во разни области.

Пред еден месец, Северна Македонија не се најде меѓу 17-те земји членки и 3 земји кандидати кои добија вкупно 500 милиони евра за борба против корона вирусот од ЕУ. Во објаснувањето од Влада велат дека поради брза и ефикасна организација на државните институции беше обезбедена голема количина донации во борбата против ковид 19, затоа не се правеа големи државни трошоци. Инаку не беше постигнат прагот што го проектираше ЕУ од 30,8 милиони евра.

Извор:тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...