23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСоветот на општина Охрид бара семафорите да се стават во функција !!

Советот на општина Охрид бара семафорите да се стават во функција !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Советници и од мнозинството и од опозицијата во Градскиот Совет бараат од Локалната самоуправа да изнајде сообраќајно решение на две раскрсници во Охрид. Раскрсницата на ул. Железничка и ул. Кленоец и раскрсницата на ул. Питу Гули и ул. Марко Нестороски се единствени во Охрид на кои има семафори, но тие не функционираат. Сообраќајот на овие делови од градот е доста прометен, особено на ул. Питу Гули, која е улица со предност на минување, така што практично движењето на возилата кон центарот на градот во утринскиот период од 7 и 30 до 8 часот е многу отежнато, посочи советничката од Левица, Виолета Аврамоска.

<

Со оглед на тоа што во непосредна близина на оваа раскрсница се наоѓа ОУ ,,Христо Узунов”, вака без сигнализација загрозена е и безбедноста на учениците, како и на другите пешаци. Во овој дел наутро има еден полициски службеник, но со тоа не се постигнува никаков ефект, бидејќи училиштето работи во две смени, а треба да се има во предвид и големиот одмор кој го имаат децата – вели Аврамоска.

Кога советот ја разгледуваше и усвои програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2022 година забелешка за крстосницата помеѓу улиците „Железничка“ и „Кленоец“ изнесе советникот од СДСМ, Стојан Митрески. Тој посочи дека на тоа место се случени сериозни инциденти со жртви и Локалната час поскоро треба да преземе мерки за регулирање на сообраќајот.

Секој кој што поминал таму се нашол во незгодна ситуација. Таа раскрсница е исклучително небезбедна. Таму има семафори кои не знам од која причина, не функционираат. Сметам дека стручните служби би требало да преземат активности да се стават во функција тие семафори како краткорочно решение – кажа Митрески.

Од Локалната самоуправа велат дека работата на светлосните сообраќајни знаци на овие крстосници е во прекин од технички причини.

И на двете крстосници се работи на надминување на проблемот (потребен е нов довод на електрична енергија), по што семафорите ќе бидат пуштени во употреба – информираат од Локалната.

Советничката Аврамсока посочи и проблем со необележани пешачки премини во населбата Радојца Новичиќ. Во врска со ова од Локалната самоуправа велат дека во тек е тендерот за спроведување на оваа активност. По неговото завршување, сообраќајната хоризонтална сигнализација ќе биде поставена, согласно програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици.
TvM

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...