9.6 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВарошлија -На Боки му подаруваа облека сите светски куќи дека беше различен

Варошлија -На Боки му подаруваа облека сите светски куќи дека беше различен

spot_imgspot_img

Варошлија, кој сведочеше трет, рече дека со Бојан Јовановски се познава повеќе од 15 години, со кого има и соработувано и дружено.

– Често патувајќи среќаваше многу познати луѓе од модниот бизнис. Поради својата различност и често беше поканет на разни ревии и промоции. Често му подаруваа парчиња облека зашто го сметаа за инфлуенсен балкански лик, изјави Варошлија.

По отворањето на 1ТВ, рече дека бил вработен како заштитно лице.

– Имав прво авторски договор и потоа бев вработен. Добивав плата на сметка, рече Варошлија.

Ана Камчева му била клиентка, а Зоран Милевски, најпрво го знаел од град, а потоа и интензивно кога почнал да се дружи со Јовановски.

– Доаѓаше во 1ТВ и дома кај Бојан Јовановски. Често одевме на вечери и ручеци. Еднаш има дојдено во телевизијата со Ана Камчева, рече Варошлија.

Еднаш, посочи Варошлија, бил поканет на ручек во ресторан од Бојан Јовановски, каде била и Ана Камчева.

На прашање од обвинетиот Бојан Јовановски, како се финансирала 1ТВ, Варошлија рече дека имале многу клиенти и реклами, посочувајќи дека требал да ја промовира водата Пелистерка во својата емисија.

На прашање од обвинителката Вилма Рускоска, дали му е познато дека има фискални сметки за брендираната облека, Варошлија рече дека не му е познато, но и дека не тврди дека се му е подарено.

Прва сведочеше Марија Јанковска, која е сопственик на оптика. Таа рече дека се знаат повеќе години со Боки 13 со кого соработувале и му давала очила како на позната личност за промоција на нејзината продавница.

Заедно патувале во Франција, Италија и Грција каде што присуствувале на разни модни настани или на одмор.

– Секогаш се сум си плаќала сама. Сместување, пат и трошок. Кога сме оделе на модни ревии и настани на Бојан некогаш му даваа и разни парчиња облека од познати марки како промоција за влијателна личност, изјави Јанковска.

Сведокот одговараше само на прашања од адвокатот на Бојан Јовановски, додека обвинителката не постави ниту едно вкрстено прашање.

Вториот сведок Алекс Кртов, сопственик на галерија, рече дека Бојан Јовановски му бил муштерија и му урамувал огледала за станот во Орман.
– Му правев некое огледало за станот во Орман. Имаше добар стан и тогаш го уредуваше. Јас му предложив да ставиме некои уметнички слики да постојат некое време. Знаете во тоа време тој беше ѕвезда скопска и таму се вртеа еминентни луѓе. Мене ми беше идеја по некое време да направиме аукција на телевизијата што ја водеше тогаш, изјави Кртов.
Посочи дека има склучено реверс за тие слики, договор за продажба се прави кога тие ќе се продадат.
Судењето за „Рекет“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.
На денешно рочиште требаше да бидат сослушани уште тројца сведоци, но Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески и Јове Ременски беа повлечени од одбраната, а сведокот Лидија Јаневска доставила медицинска документација дека е под стрес и не може да сведочи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...