22.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаПо повеќе од 20 години во скопската Зоолошка градина се родија три...

По повеќе од 20 години во скопската Зоолошка градина се родија три лавчиња (ФОТО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во ЗОО Скопје по повеќе од 20 години се родија три лавчиња, објави преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
-Денес е 20ти март – Меѓународниот ден на среќата годишен настан на Обединетите Нации кој ја промовира среќата како универзално човеково право со цел да се намали глобалната нееднаквост и да се заштити планетата за идните генерации.

<

Токму на овој ден сакаме да споделиме преубава вест од скопската зоолошка градина, каде по повеќе од 20 години се родија три лавчиња. Вработените велат дека ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошка градина Скопје и се грижат да се безбедни со сите услови во внатрешното живеалиште, каде лавицата и лавчињата од страна на вработените се под постојан надзор и грижа.

Лавчињата се стари неколку дена, а можност да ги видат посетителите на ЗОО ќе имаат кога тие ќе бидат стабилни и во можност самостојно да се движат низ надворешното живеалиште.

Сите љубители на животни и посетители на ЗОО Скопје, ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња, пишува Арсовска во својата објава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ален Деребан: Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор!

Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор! Да се потсетиме на храброста на илинденците од 1903 и државничката мудрост на...

Елена Гули: „Ја носам крвта на Питу Гули и не барам ништо за тоа”

На 122-годишнината од Илинденското востание, на симболичниот Мечкин Камен, Елена Гули, единствената жива внука по крвна линија на легендарниот војвода Питу Гули, сведочи за...

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...