30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаКосовската полиција заплени два тона мед од Македонија, возачот на комбeто во...

Косовската полиција заплени два тона мед од Македонија, возачот на комбeто во бегство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Косовската полиција објави дека денеска околу пладне, во село во близина на косовско-македонската граница, запленила 2.000 килограми мед, кој со возило комбe бил илегално внесен од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

<

Според полициското соопштение, патрола на пограничната полиција од станицата во Жегра го забележала сомнителното возило со бела боја во селото Дебелде, близу градот Витина во регионот на Карадак – Скопска Црна Гора, на границата со Северна Македонија.

Возилото било запрено при обид да изврши нелегална трговија со медот, додека возачот го искористил планинскиот терен и успеал да побегне во непознат правец.

Возилото и товарот се запленети и предадени на Царините на Косово, додека случајот е оквалификуван како „криумчарење стоки“ и е проследен во натамошна судска процедура.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...