15.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВладиката Петар: 50 денари пари ли се?!- Цените ги покачивме бидеќи поскапе...

Владиката Петар: 50 денари пари ли се?!- Цените ги покачивме бидеќи поскапе струјата, кога има венчавка ги палиме сите полиели а тие трошат многу струја !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ако има венчавка во храмот, тогаш мора да бидат вклучени сите полиелеи. А знаете колку е скапа струјата? А како да ги платиме сметките ако верниците не ги плаќаат црковните услуги? Црквата живее од верниците, а не од нешто друго, изјави за Плусинфо митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар.

<

Во сите епархии на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) направено е минимално поскапување на црковните услуги, но медиумската пропаганда беше најсилна во прилепскиот и во битолскиот крај затоа што некои други владици кои редовно црпат пари од прилепските и од битолските верници сакаа да извршат контра-удар. Цените на црковните услуги се покачени за 50 денари. А 50 денари пари ли се?

Ова во разговор за Плусинфо го истакна митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, откако дел од медиумите го објавија новиот таксеник на Преспанско-пелагониската епархија, според кој најскапи се венчавките и погребите.

Секаде има поскапување, ама не станува збор за некакво огромно поскапување. Дали поскапувањето од 50 денари може воопшто да се смета за поскапување? По колку пари за џепарлак им даваат родителите на своите деца на дневна основа? Сигурно не им даваат само 50 денари, оти со 50 денари не можат ништо да купат. Се наоѓаме среде економска криза, а свештениците мора да живеат од нешто. Свештениците немаат плата, ама и покрај тоа што немаат плата, тие дел од својот месечен хонорар го даваат за семејствата коишто имаат трето дете. Исто така, голем дел од свештениците бесплатно ги извршуваат требите на сиромашните верници. Но, никој не сака јавно да го каже тоа, оти тогаш наградата нема да им ја прими Господ. Да не знае левата што прави десната рака. И што треба сега ние да правиме? Да му се исповедаме на секој заскитан верник или на неверник, и да му објаснуваме зошто има поскапување на требите? Прво, ние во црквите плаќаме индустриска струја. Ако има венчавка во храмот, тогаш мора да бидат вклучени сите полиелеи. А знаете колку е скапа струјата? А како да ги платиме сметките ако верниците не ги плаќаат црковните услуги? Црквата живее од верниците, а не од нешто друго. Знаете колкави загуби бележиме само поради пандемијата со коронавирусот? Цели две години човек не стапна во црквите – објаснува владиката Петар.
Извор: ПлусИнфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...