Пишува Ана Чукова:
Белите мантили и нивната ” КуЧа ”
Затоа што малку останавме “будали” што за чудо имаме сеуште енергија да ја носиме етикетата “конфликтни личности , денес ќе стане популарен клинички центар .
Типот без ни грам срам па ниту страв ,ми отвори шалтер да прими дете за преглед , со цигара во рака. Очигледно не беше една цигара затоа што од она прозорчето кое тактички е направено токму на таа висина да мораш да свиткаш кичма,пред него кога ги продаваш документите, излезе еден убав дебел чад. И пред да кажете : “Аман па тоа си нормално таму” , ќе ви раскажам за белите мантили , точно тие што се жалеле дека ги тепаат по ходници.
Трагедијата не беше во цигарата туку во реакцијата на истите. Наводно во собата каде што влеговме беа испоседнати 5-6 мантили. Не знам кој беше доктор кој студен а кој изгубен во потрага по мантил но сите си беа со телефоните во рака . Мрзливо стана еден од нив и направи нешто слично на преглед во чад ,затоа што вратата беше отворена од шалтерот . Прашав мирно дали и е ова секојдневие ,се разбира не добив одговор. Како и да е на излегување се пожалија дека некоја Госпоѓа се бунела за пушењето (мислеа на мене) . Се појави некој попаметен бел мантил и самоуверено ми вика:
” Кога доаѓаш во туЏа куЧа треба да поштУеш” !!!!!
Епа за мене ова е трагедијата .Нема да се фалам што се му “културно кажав”, го поздравив и другиот бел мантил што го направи прегледот и иако ја има моќта тоа да го спречи ,сепак затвори очи пред се што се случува . Кривата не ја гледам во пушучат туку во сите тие бели мантили што молчат, што очигледно во таа куЧа немаат никаков авторитет.
Бидејќи таа куЧа не ја заслужува моето дете , од денес па натаму телефонот ќе биде во моја рака и ќе биде се објавено овде. Не се знае каде ќе се појавам. Кој сака да стане популарен нека повели .
И Тие вие што останало во вас барем малку енергија фотографирајте и објавувајте.
А на мантилот со куЧата нека му стане јасно дека тоа не е негова КуЧа туку мојa, на дцата и на сите вас.
а на тие што со душа чекаат да облечат бел мантил и да парадираат низ ходниците нека им стане јасно каква моќ носи тој мантил и дека таа моќ може еден ден ако ја злоупотребуваат со ароганција ќе им се удри од глава .
#АЧ