0.9 C
Ohrid
петок, декември 13, 2024
ПочетнаМакедонијаБектеши: Од 1 јануари нема да има поскапа струја за граѓаните

Бектеши: Од 1 јануари нема да има поскапа струја за граѓаните

spot_img

Министерот за економија Крешник Бектеши пред почетокот на настанот Балкан Експо најави дека од 1 јануари за домаќинствата нема да има поскапување на цената на електрична енергија, а ќе поевтини таа за малите потрошувачи.

– Ние носиме одлуки и за заштита на буџетот, зошто тоа е буџетот на секој граѓанин на државата, и граѓаните да бидат снабдувани со електрична енергија. Така ќе биде до крајот на грејната сезона за електричната енергија и граѓаните нема да имаат зголемени сметки од 1 јануари, а компаниите најверојатно ќе имаат намалени сметки на електрична енергија, објави министерот.

Тој најави во наредните денови и мерки за поевтина електрична енергија и за компаниите на слободниот пазар.

– Се соочуваме со енергетска криза, секојдневно институциите се подготвуваат да им излезат во пресрет на компаниите. Работиме на нови мерки, веќе се дизајнирани новите мерки, со цел да му помогнеме уште повеќе на стопанството и најверојатно наредните денови заедно со стопанските комори ќе излеземе со мерки со кои ќе им излеземе во пресрет, имајќи ги во предвид подготовките што сме ги направиле во делот на производство на електрична енергија, во делот на контактите што ги имаме со странство. Не само граѓаните да бидат снабдувани непречено. Така ќе биде снабдувано и стопанството и тоа со цени кои ќе бидат конкурентни не само во регионот, туку и на европско ниво, најави Бектеши.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје...

Момчето кое „го хејтаа“ македонците, постави нов рекорд !!!

17-годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ од Македонија го направи невозможното! Во дисциплината 400 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта постави: Апсолутен рекорд на Македонија...

Кривични пријави против, Фестим Халили и Коста Петров, поранешни директори на Фондот за иновации

Кривични пријави се поднесени против поранешните директори на ФИТР, Фестим Халили и Коста Петров, за злоупотреба на службена положба и овозможување незаконски исплати на...

Костадиновски: Лага и манипулација е дека ќе биде укинат албанскиот јазик, никој не го доведува во прашање

Во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, рече дека не е точно оти судот го укинал „балансерот“. манипулација...