7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНа денешен ден, пред десет години, на 12 април 2012 година, на...

На денешен ден, пред десет години, на 12 април 2012 година, на ден Велики Четврток, се изврши грозоморно петкратно убиство !!!

МАМО ЈАС НЕ САКАМ ДА УМРАМ, ТАТО ЈАС ВЕЧНО ОВДЕ ЌЕ ЖИВЕАМ…

А, десет години поминаа…

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Денес е ден за помен и спомен на грозоморно убиените кај Смилковското езерце, местото на свирепото убиство…

На денешен ден, пред десет години, на 12 април 2012 година, на ден Велики Четврток, се изврши грозоморно петкратно убиство на Филип Славковски (20), Александар Накевски (18), Цветанчо Ацевски (19) и Кире Тричковски (21) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.

Имаше порака во грозоморното убиство, пред Велигден… Само наивните можат да веруваат во случајност. А, ништо не е случајно, доколку е, тогаш е доста добро испланирано…

Општина Гази Баба и добронамерници, на местото на грозоморното убиство изградија црква “Светите Четириесет Маченици – Младенци“, поставија два обелиска кои вечно ќе го означуваат местото и (с)поменот за убиените…

Останаа родителите на убиените, скршени од болка по чедата, со револт од немоќта за пресуда против злосторниците…

Ги знаеме, ама штета што тие што треба да кажат онемеа… гласно коментираат татковците на децата…

Низ солзи мајките велат, ги закопавме со отворени очи од кои до в гроб им течеа солзи, не сакаа да заминат од светот на живите…

Под сонцето е само тишината пред Христово Воскресение и јадот за децата што веќе ги нема…

Смилковското езерце денес е покриено со молк и тага… Скршени од болка, во езерската тишина се слушаат воздишките на родителите по децата кои им ги нема, во езерската тишина одекнува ѕвонот на детскиот глас: Мамо јас не сакам да умрам, тато јас вечно овде ќе живеам…

Глувеевме како сенки, покрај запалените свеќи и свежо положеното цвеќе, скрешни од болка, а немоќни пред молкот на правдата, која остана и глува и нема и слепа…

А скоро беше, кога Зоран Заев ветуваше објава на бомби од незаконски снимените разговори, пред да ја освои СДСМ власта, за да се откријат убијците… Е, арно ама, тогаш набиваше гласови, злоупотребувајќи ги убиените деца… Кога дојде на власт, единствено што стори: Ги ослободи притворените, судскиот процес одновно да почне, со образложение невини биле затворените… И истрагата се повтори… За жал, секое политичко убиство нема правна разврска, бидејќи власта е во прашање…

Остана црквата “Светите Четириесет Маченици – Младенци“ како (с)помен за едно болно минато… Бог да ги прости Филип, Александар, Цветанчо и Кире од Радишани и Борче од Црешево… Било, да не се повтори…

Вечна им слава и памјат… Амин…

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...