20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСтруга ќе остане без градинка, кој ќе чува 500 деца?

Струга ќе остане без градинка, кој ќе чува 500 деца?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Струшката градинка од први февруари нема да прима деца ако општината не го реши проблемот со 21 негувателка и воспитувачка. Тие со години работат со договор на дело и примаат мечечна плата од само 10.000 денари. Велат дека од 1 февруари им било речено дека платата ќе им биде и уште пониска, односно само 5.000 денари. Тие денеска излегоа на предупредувачки протест, а поддршка имаат и од колегите чијшто статус е веќе решен.
„Може и градинката да се затвори бидејќи не можеме без нив да работиме“, вели Назифи Муадет, редовно вработена.
Решивме од 1 февруари да не доаѓаме на работа. Тоа значи дека голем дел од групите ќе бидат затворени. Нема да се примаат деца. Двата дела со јасли ќе бидат затворени бидејки пет жени сме што сме со договор на дело. Има и во другите групи, каде останува воспитувачка да работи без негувателка“, рече Емилија Мариноска Пејчиноска-вработена со договор на дело.

<

„Не земаме ни минимална плата, 10.000 земаме, ни осигурани не сме, ни ништо. Сè правиме сами. И одлучиме сите заедно да излеземе за нашите права. Јас сум четири години овде, но има колешки кои се 16, 18 години“, изјави Суеља Асани-вработена со договор на дело.

„Сите сме лиценцирани, сите имаме лиценци за оваа работа. Ние сакаме да нè решат, барем миминална плата и осигурвање да добиваме. Никоја од нас не е вишок. Сите од нас имаме групи со години. Истата работа ја работиме како тие со решенија..“, рече Весна Маркоски-вработена со договор на дело.

„Работиме со договор, земаме до 10.000 денари плата, очекуваме да добиеме решение…“, вели Семра Шахин-вработена со договор на дело.

Работејќи со договор на дело, со години немаат ни здравствено, ни пензиско осигурување. Згора на тоа, во текот на годината имаат и неплатени месеци.

„Принудени сме да плаќаме и да се пријавуваме во завод за невработени. Ние четири месеци сме испуштени на неплатен одмор. Јануари, јули, август и септември сме дома на неплатен одмор и тоа уште повеќе ја комплицира работата“, изјави Емилија Мариноска Пејчиноска- вработена со договор на дело.

Во меѓувреме, како што трвдат вработените, не можејќи да го реши проблемот, оставка си дала директорката на градинката. Алсат побара став од општина Струга дали и кога ќе го реши статусот на овие лица. Но, оттаму не ни пратија никаков одговор. Во градинката актуелно има над 500 деца во сите групи во два објекти, а на листата за чекање има уште толку.

Мики Трајковски – ALSAT

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...