16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаНови тензии во Чашка за паралелката на албански: Не мрзневме 2,5 месеца...

Нови тензии во Чашка за паралелката на албански: Не мрзневме 2,5 месеца за сега да попуштиме!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Жителите на Чашка продолжија таму каде што застанаа кон крајот на ноември минатата година и во првите два дена од второто полугодие, протестирајќи против отворањето паралелка на албански јазик во основното училиште „Тодор Јанев“, за денеска повторно да зовријат страстите по „блиската средба“ со органите на редот.
Триесетина демонстранти се (с)кошкаа со уште толку полицајци во обидот да ги спречат наставниците да влезат во училиштето, а на една жена притоа ѝ се слоши и интервенираше Брзата помош.

<

Второто полугодие не е почнато поради „незаконско воведување паралелка на албански јазик во училиштето, незаконско назначување на в.д директорката Елена Николова и незаконски огласи за вработувања“, како што објаснуваат учесниците во протестот.

„Не мрзневме два и пол месеца за сега да попуштиме. Поднесовме претставки секаде, се обративме до сите институции, никој не нѐ слуша ниту презема мерки“, изјави Цвета Пешевска, претседателка на Советот на родители во ОУ „Тодор Јанев“, за Радио Слободна Европа.

Во училиштето нема настава од 22 ноември, кога родителите почнаа да протестираат, а учениците да губат часови, но проблемот е од август 2023 година, кога Министерството за образование и наука му ги одзеде ингеренциите врз училиштето на градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, и наложи да се отвори паралелка на албански јазик за неколку првачиња.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...