21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаMoјсоски потпиша меморандум за соработка со Бугарија во областа на спортот и...

Moјсоски потпиша меморандум за соработка со Бугарија во областа на спортот и младите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На одржаната средба во Софија, Република Бугарија, потпишан е меморандум за соработка меѓу Агенција за млади и спорт на РСМ и Министерство за млади и спорт на РБ за соработка во областа на младите и спортот.

<

Со потпишување на овој меморандум се зајакнуваат односите меѓу двете земји преку унапредување на соработката во развојот на младите и спортот врз принципите на реципроцитет, заемно разбирање и корисност.

Покрај веќе утврдените активности во оперативниот план од страна на Министерство за млади и спорт на РБ се предложи поддршка на ултра маратон кој ќе се одвива наиз територијата на Бугарија, Северна Македонија и Албанија. Министерството за млади и спорт од Република Бугарија ќе го поддржи неговото одвивање на нивна територија, а РСМ на територија на нашата држава.

Од страна на Агенција за млади и спорт се предложи активноста за одржување на средношколски игри, кои ќе се одржат во Охрид со учество од над 600 учесници од двете земји. Друга активност со која се дополни оперативниот план е посета на Младинските центри во РБ, кои работат согласно стандарди на Совет на Европа, со цел размена на искуства.

На крајот од средбата работните групи помеѓу АМС и ММС се договорија во најкус можен рок да подготват акциски план со конкретни термини за реализација на активностите од оперативниот план, како и да дополнат нови активности, кои се надвор од оперативниот план, но можат да се реализираат во периодот до јуни месец.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...