-2.7 C
Ohrid
вторник, јануари 14, 2025
ПочетнаМакедонијаУJП: Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, под лупа и други...

УJП: Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, под лупа и други маркети, законот мора да се почитува

spot_img

Од Управата за јавни приходи, информираат дека завршиле контролите на терен во „КАМ“ и ниту еден маркет не е затворен, ниту пак до овој момент има изречено казни кон овој даночен обврзник.

Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата, велат од таму.

„Во таа насока а по пријава на граѓани и институции, УЈП започна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, се со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти не само во погоре посочениот маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo 5% ДДВ за основните производи за храна. Дел од маркетите, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што пак е спротивно на одлуката на Владата и на измените во Законот за данок на додадена вредност“, соопштија од УЈП.

Појаснуваат дека без селекција и преку надворешните контроли кои ги извршуваат инспекторите на УЈП, кај сите даночни обврзници се проверува целокупното работење за одредениот период, односно, се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето кај даночните обврзници кои покажале отстапки по однос на примената на даночната стапка, односно со намалување на ДДВ од 5 на 0%.

„Инспекторите постапуваат по пријави на граѓани и извршуваат увид и контрола, секаде каде што веќе имаше укажување и сомневање дека постојат индиции за непочитување на законите при работењето. Управата за јавни приходи ќе продолжи со континуирани контроли на терен се со цел заштита на стандардот на граѓаните. Целта на контролите не е да се казнува, туку да се укаже на сите даночни обврзници дека законот мора да се почитува“, се додава во информацијата од УЈП.

Потенцираат дека УЈП и инспекторите не познаваат ниту политичка, ниту верска, ниту пак национална различност. Контролите, како што велат се вршат исклучиво и само во насока на почитување на Законите и за заштита на стандардот на граѓаните.

„Управата за јавни приходи, преку инструментите и надлежностите кои ги има ќе продолжи да ги пресретнува можните злоупотреби од страна на даночните обврзници и да спречи евентуално нанесување на штета врз граѓаните или буџетот на Република Северна Македонија“, се посочува во соопштението од УЈП.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...