16.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаСветЗеленски: Денеска ќе дознаеме кој ни е пријател, а кој не предаде...

Зеленски: Денеска ќе дознаеме кој ни е пријател, а кој не предаде за пари !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Помина еден месец од руската инвазија на Украина, која влезе во својот 29-ти ден.

<

Во синоќешното видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди западните лидери кои денеска ќе се сретнат во Брисел дека Русија ја користи својата економска моќ за да ги спречи сојузниците на Украина да се мешаат во војната.

Знаеме дека Русите веќе почнаа да лобираат за нивните интереси. Тоа се интересите на војната. Знаеме дека соработуваат со некои партнери“, рече Зеленски во пресрет на самитите на Г7, НАТО и Европската унија денеска во Брисел.

„Нашиот цврст став ќе биде претставен на сите три самити“, продолжи тој.

„На овие три самити ќе видиме кој е пријател, кој е партнер, а кој не предаде за пари“, рече Зеленски.

Околу 40% од Европа се снабдува со руски гас, пишува Би-Би-Си. Европските лидери бараат алтернативни извори на енергија додека воведуваат санкции кон Москва.

Зеленски ќе се обрати на самитот на НАТО преку видео врска и се очекува да бара понапредно оружје, вклучувајќи авион и противвоздушен систем.

Бајден, кој исто така е во Брисел, се очекува денеска да објави нови санкции против Русија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...