32.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Ако е вистина ова за Никола Груевски, јас сум згрозен !!!

Мицкоски: Ако е вистина ова за Никола Груевски, јас сум згрозен !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил згрозен од тврдењата на сведоците во случајот „Плацеви на Водно“, но сепак вели дека би сакал да го слушне и мислењето на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој е во Будимпешта.

<

Мицкоски вели дека ниту тој, ниту неговата партија се поврзани со тој случај.

Вчера беше актуелно Плацеви на Водно. Во тој случај ниту јас, ниту ВМРО-ДПМНЕ не сме поврзани, и тоа е добро. Затоа што ние сме народна партија и стожери на интересот на народот. Ги читав сведочењата, и ако е тоа точно, навистина жалам и сум згрозен. И жалам што не е тука Груевски да го слушнеме неговото мислење за тоа што го изнесоа“, вели Мицкоски.

Мицкоски потврди дека во последните пет години не бил во никаков контакт со поранешниот лидер Груевски.

-Не сум имал никаков контакт пет години, ни директен ниту индиректен, рече Мицкоски.

Вчера во сведочење за случајот еден од обвинетите, кумот на Груевски, Ристо Новачевски, кажа дека Груевски имал таен имот, кој тој го купувал во негово име. Груевски пак на Фејсбук профил напиша дека Новачевски лаже.
Пишува:Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...