Со само еден лекар остана детското одделение во Охрид, откако еден од двајцата педијатри подолго време е на боледување. Иако речиси половина година одделението работи само како обична амбуланта за прегледи, сега ситуацијата се влошува, бидејќи пациенти за прегледи се примаат само до 14 часот. Во останатиот период, дежураат медицински сестри. За време на викендите, во вечерните часови и за хоспитализација, охриѓани се принудени да одат во Струга, пренесува АЛСАТ.
Лекарите го повикуваат новиот министер Беким Сали, итно да ги посети. Доаѓа туристичка сезона, а проблемот дополнително ќе ескалира.
Целиот текст прочитајте го ТУКА