14.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонски новинар осуден на казна затвор откако објавил документ за аферата рекет...

Македонски новинар осуден на казна затвор откако објавил документ за аферата рекет !!!!

Главниот уредник на порталот ,,Информакс” Александар Митовски” повторно е осуден на затворска казна со условна можност за објавување на документ по кој почна разврска на неколку од најголемите и најсрамни афери во Македонија.

Иако Апелациониот суд во втор степен и наложува на првостепената судијка да ја ревидира својата одлука таа пак носи осудителна пресуда за Митовски без да добие нови соодветни докази.

Митовски смета дека судијката Башевска работи под партиски налог со цел заплашување на новинари.

Вчера си ја земав пресудата на Основниот Кривичен суд во Скопје, во која по втор пат сум осуден на шест месеци затвор или две години условна казна за објавувањето на првата страница од записникот со кој се отвори аферата „Рекет“. Афера од која произлегоа низа на пресуди и кривични истраги.

Оваа пресуда е донесена повторно од истата судијка, Љубинка Башевска, иако Апелациониот суд ја врати на повторно одлучување поради суштински повреди на постапката – или во превод, Апелациониот суд и даде насоки како треба да пресуди, а тоа е да ме ослободи.

Башевска повторно одлучи да ме осуди и покрај укажувањето на Американскиот Стејт Департмент, во кој јасно беше нотиран мојот случај кај Башевска како заплашување на новинари, тортура врз слободата на говор и цензурирање на критички медиуми.

Оваа пресуда повторно ќе оди на Апелација, по жалба. Верувам дека таму има судии кои размислуваат со својата глава, а не исклучиво партиската.

Башевска не може да објасни, и ден денес, како тоа јас сум ја направил службената тајна достапна на јавноста, ако во случајот ЈАС сум јавноста. Логиката би налагала дека СЛУЖБЕНАТА ТАЈНА може да ја направи достапна на јавноста (на медиум, новинар) само СЛУЖБЕНИК кој има пристап до ваква класификација на документи.

Но, јасно е дека кај Башевска не се работи за професионализам. Ова е партиска наредба, и хајка.

Истовремено, од кривичен прогон од кој бев ослободен од страна на судот во Куманово, каде што не постоеше ниту еден доказ за објавен текст – Апелациониот суд во Скопје по жалба на обвинителот (патем кажано, обвинителот е брат на кумановски судија осуден за корупција), ја врати пресудата на повторно одлучување во Куманово. Јасна е тенденцијата, треба да се замолчи најкритичниот медиум во државата.

Нема.

И во затвор да влезам, и од таму ќе објавувам.

Го повикувам претседателот Stevo Pendarovski, Судскиот совет, Министерството за правда, OSCE Mission to Skopje American Embassy Skopje да внимаваат каков пример за „демократија“ практикува оваа, актуелна судска фела. Напиша колегата Митовски на социјалните мрежи….

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...