1.9 C
Ohrid
сабота, јануари 25, 2025
ПочетнаМакедонијаПациенти задоволни од методот на хемофилтрација со поддршка за Жан Митрев, велат...

Пациенти задоволни од методот на хемофилтрација со поддршка за Жан Митрев, велат со нив се постапувало на професионален начин

spot_img

Пациент од Струмица за медиумите вели дека не жали за дадените пари, тврдејќи дека двете хемофилтрации кои ги примил во Клиниката „Жан Митрев“ му го спасиле животот

<

Пациенти задоволни од лекувањето со методот на хемофилтрација од ковид-19 во Клиничката болница „Жан Митрев“ во Скопје, денеска јавно зборуваа за тоа пред клиниката, додека паралелно тече истрагата во обвинителството за оваа клиника токму поради лекувањето на ковид-19 со методот на хемофилтрација.

Луѓето кои денеска јавно го раскажаа своето искуство со вирусот тврдат дека биле во животна опасност, како и дека токму методот на хемофилтрација им помогнал да оздрават.

„Бев во лоша ситуација, после само два дена по заразување со коронавирусот ми откажаа белите дробови. Сатурацијата ми беше под 80. Не сакаше ни Брза помош да ме земе. Сам возев и ме примија во Клиниката“,

раскажа еден пациент за медиумите.
Тој додава дека тимот на доктори и на техничари и на болничари бил премногу професионален, негата на високо ниво, по влошување на неговата ситуација завршил на респиратор и веќе не можел да стане од кревет.

„По првата хемофилтрација за која што го прашаа и татко ми, и мене и сите, ја одобривме. По неколку часа од првата хемофилтрација јас се опоравив, почнав да јадам и веќе наредниот ден ме ставија во обична соба. По јадењето и лекувањето неколку дена во обична соба они мене ме пуштија дома“,

истакна пациентот.
Друг пациент од Струмица, вели дека не жали за дадените пари, тврдејќи дека двете хемофилтрации кои ги примил во Клиниката „Жан Митрев“ му го спасиле животот.

„Ако има нешто институциите нека ја бркаат работата, меѓутоа тоа со хемофилтрација, тоа што вас најмногу ве интересира, мислам дека не е забранета. И никој никого не терал на сила. Беа известени и домашните и ние како пациенти дали сакате или не сакате”,

вели овој пациент. Извор 360 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се запали автобус на ЈСП во Сопиште

Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште, пренесува МИА. Засега нема детали, и не е позната причината за запалувањето на...

Новиот експресен пат Ранковце – Крива Паланка денес го однесе првиот човечки живот

Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка во должина од 25,5 километри како што е познато пред 20 дена беше отворен за сообраќај. За жал денес овој пат...

Вработена тепала колешка во болницата во Охрид

На 24.01.2025 во 13:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни...

МВР станува побогато за 497 нови полициски службеници.

Да создаваме, градиме и да унапредуваме една модерна, опремена, стручна и професионална, но секако и задоволна полиција, која своите задачи и обврски ќе ги...