20.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаТаравари има идеја: Зимскиот распуст на учениците да трае два месеци, а...

Таравари има идеја: Зимскиот распуст на учениците да трае два месеци, а летниот само еден ипол

Општина Гостивар за да се заштеди енергија, од Владата ќе бара да ги одобри мерките кои се планираат на локално ниво со исклучување на дел од уличното осветлување и продолжување на училишните распусти. Овие предлози ги соопшти градоначалникот Арбен Таравари на средбата со директорите на училиштата на која меѓу останатото се зборувало за почетокот на новата учебна година, за заштеда на електрична енергија и предлози за спроведување на мерките.
Како локална самоуправа ќе поднесеме две барања до Министерството за образование. Првото, зимскиот распуст да биде период декември-јануари, односно два месеци, а летниот распуст да трае околу месец и половина. Учебната година да заврши на јуни, а да започне на 15 август. Второто барање е училиштата да плаќаат како за домаќинствата, а не по тарифа за индустриска струја, изјави Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар.

Тој се осврна на и рационализирање на трошоците и притоа напомена дека Владата не направила ништо за да им помогне на општините во надминувањето на кризата. Во таа насока според Таравари планирано е на територијата на општината освен исклучување на дел од јавното осветлување, ќе се „затегне ременот“ и во останатите институции кои се под локалната власт.

Тој појасни дека трошоците за струја во изминатиов период се зголемени за пет пати и тоа создава голем товар.

– Што се однесува до заштедата на струја, имаме план од 1 септември на полноќ да исклучуваме дел од јавното осветлување од главните улици, но не и по споредните улици. Штедење ќе има и во општинската зграда и другите институции под наша надлежност, најави Таравари.

Градоначалникот смета дека со идејата за давање под концесија на јавното осветлување многу проблеми ќе бидат решени, бидејќи како што нагласи, општината во вакви услови повеќе губи отколку што добива.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...