6.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаМакедонијаЕлена Минциковска: Татко ми сакаше да ме силува и убие, а, мајка...

Елена Минциковска: Татко ми сакаше да ме силува и убие, а, мајка ми толку беше лоша, што како мала ме удри со секира по главата.

Елена Минциковска своето детство ќе го памети како мачно и полно со трауми. Растена по домови, по паркови и дом-семејства, на 14 години дознава за своите биолошки родители. Мислејќи дека ќе и биде подобро со некој од нив започнува нов живот. Но, ќе се излезе дека тој живот ќе биде поцрн дури и од претходниот пекол.

Тежок е животот на самохраната мајка Елена која од мала не знае што е родителска грижа. Била оставена во дом. На 5 годишна возраст била во дом семејство, а кога на 14 години дознава кои и се биолошки родители, одлучува да замине кај еден од нив сакајќи и таа да биде како другите деца.

– Мајка ми потекнува од Босна, а, татко ми од Мостар. Ми беше тешко што живеам по домови и дом семејства, па, одлучив да ги побарам биолошките родители. Но, толку проблеми видов во животот од нив, што се каев уште од самиот почеток. Татко ми сакаше да ме силува и убие, а, мајка ми толку беше лоша, што како мала ме удрила и со секира по глава-ја започнува својата приказна Елена за емисијата „Срце на дланка“.

Мислејќи дека создавање на семејство е спас од овие тешки маки, Елена запаѓа во уште потежок живот. Таа раѓа ќерка со која подоцна е малтретирана и принудена да бара спас во градските паркови и контејнери, само да не го трпи семејното насилство.

– Мислев ако се омажам ќе се спасам од родителите, но, наидов на уште поголем пекол. Тој пиеше и ме тепаше. Во тој брак имам ќерка, која бев принудена сама да ја гледам. Со месеци дом ни беа парковите, а место за храна, кантите и контејнерите-низ солзи се сеќава Елена.

Елена секаде бара спас, но никаде не наоѓа. Еден ден наоѓа работа и заминува под кирија со Сема. Но, и тој раат ќе трае само три месеци. Па, од жал за мајка и која се разболува, таа повторно почнува живот со грижи.

– Си реков вака веќе не може. Се вработив и жена ми го чуваше девојчето. Тогаш за првпат видов раат во животот. Но, тоа не траеше долго. Ми се јавија дека мајка ми е многу болна, и морав да ја чувам до крајот на животот. Беше тешка и правеше повторно проблеми.

И, како да е малку сиот овој терор и хорор во животот на оваа млада мајка, па, еден ден таа како капак на сè, доживува уште една несреќа. И се случува тешка сообраќајна несреќа во која едвај останува жива.

– Уште еден тежок период кој го преживеав е сообраќајната несреќа. Со месеци лежев на даска од регал за да ја исправам кичмата, зашто немав средства за операција. Малата не можев да си ја гледам. Едвај го издржав тој период. Од сите трауми што ќерка ми Сема ги гледала и живеела низ животот, таа се повлече во себе, и многу доцна почна да зборува-вели Елена.

Веќе неколку години Елена и Сема живеат во еден стан под кирија во Хром. Живеат со минимално 6000 денари месечно, кои не се доволни ниту за сметки, ниту за храна. Па, затоа и двете се осудени на преживување. Елена од неодамна се соочува и со уште еден стрес. Откриен и е канцер кој и се заканува по животот. Затоа, единствена желба во овој живот на оваа страдна мајка е институциите да се сожалат и да го решат нејзиниот проблем, а тоа може само преку добивање социјален стан, за да не го остави детето само на улица.

– Пред неколку години една баба ни дозволи во станот во кој и денес живееме, само обврска ни беше да плаќаме сметки. СО оглед дека живееме само со 6000 денари, и тоа ми беше тешко, но, некако одеше. По смртта на бабата, нејзините деца почнаа да ми наплаќаат кирија. Со години да не се донациите од луѓето, ќе седиме гладни со ќерка ми. Гладна ја испраќам на училиште, гладна ја дочекувам. Но, најмногу ме боли што со оглед на мојата сериозна здравствена состојба, можеби ќе ја оставам и без покрив на главата. Тоа ми е најголемата желба. Да имаме свој дом, па и да умрам, ќе знам Сема нема пак да спие по паркови.

Сите што сакате да помогнете на ова семејство, тоа можете да го направите на овој број 070/779494 или на трансакциската сметка 210501727985597 НЛБ Банка

Автор Оливера Петрушевска Приказна.Мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...

На денешен ден Колумбо ја открил Америка

На денешен ден во 1492 година прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров...

Децата што се обиделе да силуваат соученик во Ѓорче Петров се првачиња !!!!

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на...

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.