23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија протера петмина руски дипломати

Македонија протера петмина руски дипломати

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за надворешни работи денеска му врачило нота на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

<

Скопје протера руски дипломат поради постапки несоодветни со дипломатскиот статус
Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат Македонија во наредните пет дена, информира Министерството за надворешни работи.

Ова не е првпат Македонија да протерува руски дипломати поради активности спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи. Русија како возвратна мерка протеруваше македонски дипломати.

По почетокот на руската инвазија врз Украина, руски дипломати беа протерани од неколку земји членки на НАТО. Полска минатата недела одлучи да протера дури 45 руски дипломати.
Радио Слободна Европа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...