5.9 C
Ohrid
понеделник, февруари 10, 2025
ПочетнаМакедонија„Движење против коцкање“ најавува протест пред Влада – општина Тетово со план...

„Движење против коцкање“ најавува протест пред Влада – општина Тетово со план како да им ја отежне работата на казината !!!

spot_img

Иако помина еден месец од протестот против отворањето на казино во близина на градинката во Тетово, сепак продолжуваат подготовките за нејзино отворање. Јуши Емерлаху од Движењето против коцкање вели дека испратиле барање до Министерството за финансии за отстранување на казината, но нивното барање, како што вели, не е земено предвид. Доколку продолжи овој молк, тој предупредува дека повторно ќе излезат на улица, но овој пат пред Владата.

<

„За ова казино во близина на градинката, кое е блиску до отворање, бараме одговорност од министерот за финансии бидејќи директно добиваат дозволи од Министерството за финансии. Планираме доколку Министерството за финансии не дејствува, ќе бидеме принудени да излеземе на улица и да организираме поголем протест што ќе го направиме пред Владата и пред Министерството за финансии“, посочи Јуши Емерлаху

Општина Тетово има свој план како да ги зголеми трошоците на казината. Претседателот на Советот на општината Бесар Дурмиши вели дека зголемувањето на таксата за светлечките реклами ќе го отежне функционирањето на оваа дејност, а од Собранието ќе се бара казината да бидат лоцирани на 500 метри од градинките и верските објекти.

„Секторот за општински дејности веќе добил задачи да состави уште еден список и програма за 2022 година за ценовникот на светлечки сигнали кои ги имаат тие реклами, за да има повисока цена што ќе ја отежне работата на казината, односно овој сектор., оваа деловна дејност. Ќе бараме од советниците да се одржи седница само за оваа активност или прашање на која ќе донесеме заклучоци и нашите барања да ги испратиме до Владата и Собранието на Македонија“, додава Бесар Дурмиши.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мвр на терен: Го претепале па му ги одзеле патиките и јакната !!

Денеска во СВР Скопје, 54-годишната Љ.П. пријавила дека нејзиниот малолетен син бил ограбен од непознати лица во периодот од 01.30 до 04.20 часот откако...

Николовски: Во Скопје, Охрид и Битола ќе градиме 4 згради со цел да ја симнеме цената за M2.

Во Скопје ќе се градат 4 комерцијални згради, во Охрид и Штип по една. Во Битола од понеделник започнуваме со продажба на државни комерцијални...

Родителите на штипјанката Емилија: Кога ќе излезе ќерка ми од гроб, тогаш убиецот нека излезе од затвор

Еден наркоман и коцкар ми го уби детето! Беше пријавуван за насилство и порано, ја тепаше, ја малтретираше, ја пречекуваше пред суд, за да...

Денес ќе биде осуден убиецот на Емилија Пешева.

Во Основниот суд во Штип денеска почнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 изврши убиство na 29-годишната Емилија Пешева. Според истрагата на...