26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски за Алфа: Пописот е нецелосен и незавршен, ќе направиме нов електронски

Мицкоски за Алфа: Пописот е нецелосен и незавршен, ќе направиме нов електронски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Опозицијата најавува нов, електронски попис по доаѓањето на власт. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на телевизија Алфа оцени дека најголемата статистичка операција е нецелосна и недовршена зашто 7.2% од населението е само административно пребројано. Тој порача и дека на Македонија во време на економска и национална криза и е потребно обединување.

<

Пописот е нецелосен и незавршен, затоа по промената на власта ќе направиме нова и реална статистича операција спроведена електронски. Ова го најави лидерот на опозицијата во гостување на телевизија Алфа. Христијан Мицкоски потенцира дека 132 илјади луѓе се само административно попишани, па за нив не е наведена етничката или религиската припадност. Тој вели и дека ја почитува одлуката на тие кои не се изјасниле, но и дека со нивното попишување бројката на Македонците би била поголема.

Ние уште на самиот почеток имавме многу забелешки за оваа статистичка операција, но оној заклучок кој што можеме да го кажеме покрај фактот дека таа е некомплетна, е дека мнозинството, огромно мнозинство повеќе од 90-тина% од тие кои што не се изјасниле се дел од македонскиот народ според општините каде тие се наоѓаат и ние ги наброивме денес на прес-конференцијата но истовремено и порачавме дека веднаш после промената на власт ќе имаме една вистинска статистичка операција, електронски попис на кој што јасно ќе знаеме колкаво е резидентното население во Македонија, вели Мицкоски.

Христијан Мицкоски вели и дека Македонија губи население, 10 проценти во однос на претходниот попис што, според него, е поразителен факт за сите политички елити и политичари кои изминативе 20 години функционираа на политичката сцена.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде и дека народот страда од поделби, дека е потребно обединување, особено во време кога се соочуваме со економска и национална криза.

Нас ни треба во овие тешки времиња на сериозна економска криза, на сериозна национална криза, на сериозна криза која што веќе подолго време владее да се обединиме а не да продолжиме да се делиме и мислам денеска и тоа го зборувавме на прес конференцијата дека од поделби ние страдаме иако јас длабоко ценам дека треба од сето ова да извлечеме поука и да се обединиме околу политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ како никогаш досега за да може на државата да и тргне, да може на Македонија да и тргне, додава Мицкоски за Алфа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...

Пожар ноќеска во Кочани-Сопственикот е родител на починат во Пулс.

Ноќеска во пожар изгореа автобуси на плац на излезот на Кочани веднаш до бензинската пумпа “Авто Петрол” кај Оризари, објави Гласно.мк. Засега не се познати...

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....