-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаСимовски: Ќе бидам државен непријател бр.1 по објавувањето на резултатите од пописот.

Симовски: Ќе бидам државен непријател бр.1 по објавувањето на резултатите од пописот.

spot_img

Резултатите од септемврискиот попис на населението беа објавени денес 30 март во Филхармонијата на РМ.

Симовски неодамна додаде дека во следните месец дена ќе биде државен непријател број еден откако ќе бидат објавени резултатите од националната статистичка операција, која патем не е одржана безмалку 20 години.

– Наредните месец дена ќе бидам државен непријател, но ние не сме џубокс за исполнување на желби, туку треба да направиме реална фотографија за населението, додаде Симовски….

Вкупно резидентно население според изјаснувањето за етничка припадност.

Македонци 58, 44%

Албанци 24,30%.

Во Македонија вкупниот број на населението изнесува 1.836.713 милиони жители.

Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.

Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,44 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци.

Директорот Симовски истакна дека се попишани над 598 илјади домачинства, а просечното домаќинство брои 3,06 членови.

Најмала општина е Зрновци, а најголема Куманово. Густината на населеност на 1 км2 во Македонија изнесува 72,2 луѓе.

На 1.000 жени има 984,3 мажи, што значи дека жените се побројни.

Соопштение ДЗС.

Вкупното резидентно население на Република Македонија, на 5 септември 2021 година изнесуваше 1 836 713 жители. Од нив, 50.4 % се жени, а 49.6 % се мажи. Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 % – се во возрасната група од 40-44 години. Куриозитет е што во Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години. Според изјаснувањето за етничка припадност, 58.44 % проценти од населението се изјасниле како Македонци, 24.30 % проценти како Албанци, 3.86 % како Турци, 2.53 % како Роми, 0.47 % како Власи, 1.30 % како Срби и 0.87 % како Бошњаци и др.

Според религиската припадност 46.14 % се изјасниле како православни, 32.17 % како муслимани (ислам), 0.37 % како католици, а во овој Попис се појавија и други религиски заедници кои ги немаше во претходните пописи, а тоа се: евангелско протестантски христијани, агностици, будисти и други. 61.38 % од попишаното население се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот, 24.34 % албански мајчин јазик, 3.41 % турски, 1.73 % ромски, 0.17 %, влашки, 0.61 % српски и 0.85 % босански јазик.

Бројот на домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3.06.

Во рамките на Пописот 2021 беше овозможено македонските државјани кои живеат и престојуваат во странство повеќе од една година да се самопопишат преку веб-апликација која беше достапна на веб-страницата за Попис. Оваа можност ја искористија 258 932 наши сонародници од кои 24.55 % се изјаснија како Македонци, 66.42 % како Албанци, 4.78 % како Турци и др. Оваа категорија граѓани не влегува во вкупното резидентно население на Република Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...