15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаЕгипќаните во Македонија не ги признаваат резултатите од пописот

Египќаните во Македонија не ги признаваат резултатите од пописот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не сме подготвени да ги прифатиме ваквите пописни резултати. Бројни се нерегуларностите во самиот пописен процес и конечниот резултат не кореспондира со реалните бројки, се вели во реакцијата на неформалната граѓанска иницијатива Коалиција на Египќаните.

<

„Податоците кои се објавени практично ги побиваат самите пописни резултати на Државната пописна комисија. Во суштина, ова претставува и обид за административна асимилација на Египќаните и нивно исчезнување од мултиетничката карта на современото мултиетничко македонско општество. Аргументите се на наша страна, и токму затоа, поради сите утврдени факти, крајно нелогично и непринципиелно е да се прифатат ваквите поразителни пописни резултати за Египќаните во Македонија. Нашата борба ќе продолжи низ институциите на системот, а со цврст аргументи ќе бидат известени и Еуростат, ОБСЕ и амбасадите на највлијателните држави во Македонија со кои имаме соработка“, изјави лидерот на НГИ Коалицијата на Египќаните, Демир Далип.

Тој додава дека пописни резултати не кореспондираат и не се во согласност со објективната бројчаност на Египќаните, особено во град Охрид каде Египќаните се втора по бројност етничка заедница, а со податоците од Пописот како Египќани се изјаснети “само“ 2008 Египќани/ки, а само во избирачкиот список има над 1.900 Египќани/ки со право на глас.

-Каде се тука децата, неризидентното население? Како да “испарија“ Египќаните. Со вакви податоци нема иднина за мојот народ-Египќаните, истакна Далип.
Kurir

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...